Занимливости
Каков е вашиот идеален состанок за Денот на вљубените?

 

1. Што мислите за празникот на вљубените?

 

А. Мислам дека е одличен ден за парови, но депресивен за самците.

Б. За мене е преромантичен. Радо би правел/а нешто позабавно тој ден.

В. Мислам дека е бесмислен.

Г. Според мене, св. Валентин е најромантичниот ден во годината.

 

2. Кое е вашето хоби?

 

А. Готвење и дегустација на нови вкусови и рецепти.

Б. Секакви активности надвор од дома.

В. Гледање филмови, серии и следење на емисии за популарни ѕвезди од светската естрада.

Г. Читање и пишување.

 

3. Каков е вашиот љубовен статус?

 

А. Излегувам со момче/девојка, но никако не сме во сериозна врска.

Б. Излегов со момче/девојка неколку пати, но морам да ја/го запознаам подобро.

В. Овој Валентин ќе одиме на првиот состанок.

Г. Во долгогодишна врска/брак.

 

4. Вашиот партнер/партнерка е:

 

А. Просечен/на.

Б. Активен/на и секогаш во движење.

В. Зборлив/а и забавен/на.

Г. Тивок/ка и романтичен/на.

 

5. Што би сакале да добиете за подарок на Денот на вљубените?

 

А. Чоколади.

Б. Најновото цд од мојата омилена музичка група.

В. Бакнеж.

Г. Букет цвеќиња и поема.

 

6. Што ќе му дадете на вашиот партнер за денот на заљубените?

 

А. Нешто што ќе го носи, како маица или парфем.

Б. Нешто што заедно ќе го искористиме, како на пример карта за концерт или карта за на лизгалиште.

В. Нешто едноставно и практично, купон за поклон и тој/таа да си купи што сака.

Г. Нешто од срцето, поема или слика од нас двајцата.

 

7. Како вашиот сакан/а прави да се чувствувате?

 

А. Возбудливо… сега за сега добро е!

Б. Авантуристички… навистина прави да се чувствувам слободен/на.

В. Чувствувам трема бидејќи сè уште не се познаваме доволно добро.

Г. Среќно… совршен/а е за мене!

 

8. Што мислите дека е најважно за една врска?

 

А. Доверба… не можете да бидете со некој кому не верувате.

Б. Од време на време да има спонтани моменти во врската.

В. Ако нема добар однос со моите другари/ки готово е!

Г. Врската да е романтична.

 

9. Каква музика слушате?

 

А. Рокенрол.

Б. Поп.

В. Она што е на радио.

Г. Народно.

 

10. Која е вашата замисла за романтичен состанок?

 

А. Вечера со свеќи и вино.

Б. Куглање или караоке.

В. Не знам, немам размислувано.

Г. Пикник или прошетка во парк.

 

 

Најмногу одговори под А: состанок со вкусна храна!

 

Man-Cooking-for-Woman-W

 

Вие и вашиот партнер обожавате да јадете! Италијански, мексикански, кинески, суши, морска храна… светот е на вашата дланка! Овој Ден на вљубените, зошто да не одите во вашиот омилен ресторан? Или ако се чувствувате навистина авантуристички, обидете се да ги тестирате своите вештини во кујната! Оние кои готват заедно, остануваат заедно!

 

Најмногу одговори под Б: станете и раздвижете се!

 

blog-bowling-couple-fitness

 

Вие и вашиот партнер секогаш сте во потрага по вашата следна авантура. Па зошто да го поминете Денот на вљубените правејќи обични романтични гестови кога можете да одите на концерт, куглање, или уметничко лизгање! Уживајте и зачувајте ги убавите мемории!

 

Најмногу одговори под В: состанок со филм

 

rom

 

Нема подобра идеја за вас од тоа да ја поминете вечерта со вашиот партнер за св. Валентин гледајќи филм. Купете два билета и посетете кино, или, пак организирајте домашно кино и делете пуканки заедно пред екранот.

 

Најмногу одговори под Г: опуштен и романтичен состанок

 

Couple-cuddling-in-front-of-the-fireplace-at-one-of-our-Gatlinburg-winter-cabins

 

Вие сте романтичен тип и повеќе од сè сакате гушкање и разменување нежни зборови со партнерот. Па затоа, св. Валентин е вашиот омилен ден! Поминете ја вечерта со романтични прегратки покрај каминот, или заедно гледајте ја месечината и ѕвездите под ќебе.

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: