Занимливости
Каква храна е добра, а која му штети на вашето куче?

Ние луѓето јадеме неверојатно разновидна храна и сме социјални суштества кои сакаат истата да ја споделат. Затоа, треба да запомните дека организмот на кучињата не секогаш работи на ист начин и дека некои видови храна што за нас се добри, за нив може да бидат токсични.

 

Затоа подготвивме листа на храна која вашите миленици смеат или не смеат да ја консумираат.

 

Дали кучињата смеат да јадат банана? Секако!

 

Бананите се совршено безбедни за кучињата се додека не ги јадат премногу. Бананите, исто така, имаат многу предности. На пример, тие имаат многу добри хранливи состојки кои може да бидат тешки за вашето куче да ги добие поинаку: витамин Б, витамин Ц и калиум.

 

Дали кучињата смеат да јадат јаболка? Во умерени количини. (притоа да се внимава на семките и лушпата)

 

Како и другите овошје, јаболката содржи многу витамини и минерали, а тие секогаш се добри. Поточно, јаболка содржи витамин К, калциум, витамин Ц и растворливи влакна. Тогаш зошто само во умерени количини? Затоа што семето, јадрото и стеблото на јаболкото содржат цијанид, кој е токсичен за кучињата и луѓето.

 

Дали е дозволено да јадат авокадо? НЕ! 

 

Авокадото содржи хемикалија наречена персин, фунгициден токсин кој протекува од семката и се апсорбира во пулпата. На кучињата нема сериозно да им наштети јадењето авокадо, но сепак можат да добијат вознемирен стомак ако јадат многу од него. Меѓутоа, бидејќи кучињата имаат тенденција да бидат незаситени јадачи, тие исто така можат да ја изедат семката, која може да го блокира нивниот дигестивен тракт и да предизвика сериозни проблеми.

 

Смеат ли да јадат пуканки? Не е препорачливо.

 

Пуканките не се токсични за кучињата и јадењето на целосно пукнати пуканки нема да им наштети. Меѓутоа јадењето на непукнати пуканки може да го вознемири стомакот на вашето куче и да доведе до болести на забите. Ако веќе се решите да им давате пуканки, дајте им целосно пукнати пуканки без сол, шеќер или путер.

 

Дали кучињата смеат да јадат моркови? Секако!

 

Морковите се одлична, здрава ужинка за кучињата.Одлични се за нивниот вид и крзно.

 

Дали смеат да јадат грозје? НЕ!

 

Како грозјето влијае врз кучињата е всушност неодамна откриено, и тоа е дека тие се поврзани со откажување на бубрезите кај кучињата. Некои кучиња можат да јадат грозје без да имаат значителни несакани ефекти (повторно, причините се непознати). Други, пак, можат да развијат сериозни болести опасни по живот.

 

Дали кучињата смеат да јадат печурки? Зависи.

 

Единстевите печурки кои смеете да им ги дадете на вашите кучиња се печурките кои ги купувате за вас од маркет.

 

Смеат ли да јадат јаткасти плодови? НЕ!

 

Дигестивните системи на кучето едноставно не се опремени за да варат јаткасти плодови, а некои ореви, како макадамија, може да бидат сериозно токсични.

 

… а путер од кикирики? Секако!

 

Бидејќи кикириките не се ореви! Тие се мешунки. Затоа, тие не предизвикуваат никакви сериозни здравствени проблеми. Кикириките, исто така, имаат многу одлични хранливи материи за кучиња: витамин Б, витамин Е и ниацин. Тие се, исто така богати со здрави масти.

 

Дали кучињата смеат да јадат боровници? Секако!

 

Боровниците содржат еден куп одлични работи. Вклучувајќи ги и витамините А, Б, Ц, Е и К. Тие исто така содржат малку влакна и цела низа антиоксиданти.

 

Дали можат да јадат брусници? Секако!

 

Богати се со витамини А, Б1, Б2 и Ц, ги подобруваат когнитивните функции на вашето куче и да помагаат во борбата против стареењето, брусниците се дефинитивно храна што треба да ја вклучите во исхраната на вашето куче одвреме навреме. Но давајте им само сирови брусници – сувите содржат многу шеќери.

 

Дали кучињата смеат да јадат целер? Здрав е, но не е препорачливо.

 

Стремете се да се држите подалеку од хранење на вашите миленичиња со сиров целер, бидејќи е тежок и жилав за варење. Особено ако имате кученца кои не се трпеливи и учтиви и не ја џвакаат храната.

 

Дали смеат да јадат лук и кромид? НЕ!

 

Можат да предизвикаат значителна штета на црвените крвни клетки на кучето ако изедат премногу од нив.

 

Дали можат да јадат ориз? Секако!

 

Добро сварениот ориз е добар извор на јаглехидрати за повеќето кучиња, меѓутоа треба да внимавате на дијабетичните кучиња бидејќи оризот има прилично висок гликемичен индекс. Освен тоа, белиот ориз има некои добри гастрономски бенефити – имено, може да помогне за надуен стомак.

 

Дали кучињата можат да јадат риба? Секако!

 

Печената, несолена и незачинета риба е здраво и лесно месо кое треба да биде основен дел од исхраната на секое куче. Рибата содржи корисни омега масни киселини кои е тешко да ги најдете во готовата кучешка храна.

 

 

Дали кучето треба да јаде леб? Може, во умерени количини.

 

Лебот очигледно не е најхранливото нешто за вашето куче, но не мора да значи дека ќе му наштети. Секако, не дозволувајте да јаде сиров, непечен леб – може да предизвика компликации со стомакот, недостаток на координација и слично.

 

Дали е добро да му давате пиво на кучето? НЕ!

 

Не му давајте пиво на кучето – и етанолот и хмељот се токсични за него.

 

Дали треба да им давате јагоди на кучињата? Во умерени количини.

 

Јагодите спаѓаат во иста категорија како боровинките: тие се потполно безбедни за вашето куче, но не треба да претерувате.

И, се разбира, без додатоци што луѓето ги јадат со јагодите: чоколадо, шеќер, сируп и шлаг.

 

Дали кучињата може да јадат тиква? Секако!

 

Во светот на кучешката исхрана, тиквата е чудо од храна: се користи за лекување на сите видови стомачни проблеми, вклучувајќи и констипација и дијареа. Исто така содржи бета-каротин кој е одличен за видот на вашето куче.

 

Дали кучињата треба да јадат кашкавал, сирење, урда? Во умерени количини.

 

Сирењето не е особено штетно за кучињата, а многу кучиња го сакаат колку нас. Некои видови сирења, како урда, се прилично високи со протеини.

Ако му давате на вашето куче да јаде сирење, одберете нискомаслени видови и осигурајте се дека не содржи штетни материи.

 

Дали кучињата може да јадат листест зеленчук? Секако!

 

Многу од готовата храна за кучиња содржи спанаќ, што е голем извор на многу витамини од кои А, К и Ц.

Сепак, треба да внимавате со некои од овие зеленчуци бидејќи кај кучето може да предизвикаат гасови, инаку генерално е во ред да јадат листест зеленчук.

 

 

Пиперки? Не е препорачливо.

 

Некои пиперки можеби нема да наштетат, особено поблагите сорти. Зелените пиперки, на пример, се многу благи и содржат бројни витамини и минерали.

Сепак, други видови, како лутите пиперки може да предизвикаат хаос во дигестивниот систем на вашето куче. Во принцип, кучињата не поднесуваат зачинета храна, како и голем дел од луѓето.

 

Дали кучињата можат да јадат круши? Секако!

 

Крушите се одличен извор на хранливи материи и во мали количини (без семки, стебло и јадрото кои содржат штетни материи) се добри за кучето.

 

Дали кучињата смеат да јадат чоколадо? НЕ!

 

Сите треба да го знаат ова до сега – кучињата апсолутно не треба да јадат чоколадо. Чоколадото содржи две штетни хемикалии: кофеин и теобромин кои се токсични за кучињата.

Всушност, треба да се избегнуваат сите видови благо: бонбони, колачиња, чоколадо за готвење, торта…

 

Дали кучињата треба да јадат пченка? Не е препорачливо.

 

Освен што предизвикува зголемување на шеќерот во крвта, пченката исто така може да предизвика (или да ги влоши) алергии и е многу тешко да се свари (како што сите знаеме од лично искуство).

Како и да е, пченката во мали количества нема да му наштети на вашето куче ако, но и не е идеална храна.

 

Дозволено е кучето да јаде калинка? НЕ!

 

Ова е малку незгодно, бидејќи калинките се здрава и препорачлива храна за луѓето, сепак, тоа не е случај за кучињата бидејќи целиот јадлив дел од калинката се состои од семиња (наречени арили), кои се тешки за варење. Рибизлите спаѓаат во иста категорија.

Кучињата кои јадат калинка имаат тенденција да добијат болки во стомакот или повраќање.

 

Дали кучињата можат да јадат диња? Секако!

 

Како и многу други овошни плодови што ги одобривме досега, дињата е богата со одлични хранливи материи, витамини и минерали. Дињата има многу витамини, особено А, Б и В и е добар извор на калиум. Давајте му на кучето мало количество и осигурајте се дека јаде повеќе месо отколку што било друго.

 

И за крај…

Сакаме да ве потсетиме уште еднаш: никогаш не го хранете вашето куче со храна за која не сте сигурни дека треба и повикајте го вашиот ветеринар доколку имате било каква дилема.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: