Занимливости
Ќе изгледате 10 години помладо ако го правите ова еднаш неделно!

Жените во Јапонија уште од многу одамна уживаат во благодетите на оризот. Тајната во нивната убавина лежи во овој дар од природата.

 

Оризот е богат со линолова киселина и сквален, моќни антиоксиданси кои го стимулираат производството на природен колаген.  Тоа го успорува појавувањето на брчки. Скваленот ја штити кожата од сонце. Оризот исто така изобилува со витамин Е и гама оризнол, познат по своите споробности да го штити срцето и да го намалува холестеролот. За жал, освен јапонците, поголемиот дел од луѓето не се свесни за придобивките од оризот. Оризот прави чуда кога е во прашање подмладување на кожата.

 

Ви даваме супер едноставен рецепт за маска од ориз која ќе ги измазни вашите брчки и ќе ви даде убав тен.

 

Ќе ви биде потребно:

  • 3 супени лажици ориз
  • 1 супена лажица млеко
  • 1 супена лажица мед

 

Подготовка:

 

Оризот сварете го и исцедете го. Водата зачувајте ја. Измешајте лажица топло млеко и лажица мед во процедениот ориз.

 

Маската нанесете ја исклучително на чиста и сува кожа. Оставете ја да се исуши. Измијте го лицето со изладената вода во која го готвевте оризот.

 

Оризовата вода има силни антиоксидантски својства. Ја хидрира кожата и ја стимулира циркулацијата, исто така помага при отстранување на брчките и ги ублажува воспаленијата. Оваа маска ќе ја направи вашата кожа здрава и хидрирана.

 

За оптимални резултати, практикувајте го овој третман барем еднаш неделно. Ќе се вчудоневидите од вашиот тен и кожа во огледалото – ќе изгледате 10 години помладо.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: