Кафето е вистинско задоволство и утрински ритуал за многу луѓе. Без разлика дали сте страстен обожавател или знаете да се напиете една шолја одвреме-навреме на паузата за работа, за вас имаме добра вест: кофеинот е добар за вашето здравје и за мозокот.
Кофеинот против деменција
Се зголемува бројот на истражувања кои покажуваат дека кофеинот влијае позитивно врз здравјето. Последното истражување е од САД, поточно од еден од унверзитетите во Индијана, каде што група научници забележале како кофеинот влијае врз деменцијата.
Се работи за посебен ензим во мозокот (NMNAT2) кој има способност да го заштити од деменција. За зголемување на нивото на тој ензим, истражувачите на универзитетот во Индијана ги истражувале ефектите на околу 1.280 супстанции, вклучувајќи го и кофеинот кој се покажал со доста позитивни ефекти. „Ова може да помогне во напорите за развој на лекови кои го зголемуваат нивото на овој ензим во мозокот, создавајќи една хемикалија против невродегенеративните болести”, изјави Чен Хуи-Лу, кој ја предводеше студијата.
Кофеинот го зголемува лачењето на хормони
Истражувањата исто така наведуваат дека кафето предизвикува зголемување на активноста на рецепторите во мозокот, така што хипофизата реагира со ослободување на хормони. Овие хормони ги предизвикуваат надбубрежните жлезди да произведуваат адреналин. На тој начин нашиот мозок станува буден и е во состојба да работи брзо.
Кофеинот исто така го зголемува и лачењето на допаминот, невротрансмитер кој предизвикува чувство на среќа.
Ја подобрува меморијата
Според едно медицинско истражување во Австрија, кофеинот влијае врз активирање на фронталниот лобус на мозокот. Овие области се одговорни за краткорочната меморија и концентрација. Кофеинот може да ги подобри овие функции.
Кофеинот против Алцхајмерова болест
Студија во 2011 година покажа дека умерените количини на кафе обезбедуваат заштита од Алцхајмеровата болест, како и од кардиоваскуларни болести.
Од друго испитување, пак, од 2009 година, спроведено на глувци, се покажало дека кофеинот не само што помага во спречување на Алцхајмеровата болест, туку и го спречува оштетувањето на меморијата.
Сè уште не се напивте кафе денес? Што чекате!