Менопаузата е период од животот на женитре кој е одбележан со промени во жлездите со внатрешно лачење, кои го означуваат крајот на нејзиниот менструален циклус и плдните години. Ве менопаузата се случуваат хормонални промени. Поради намалувањето на нивото на естроген, жените во постменопаузата се изложени на болести на срцето и на остеопороза.
Неурамнотежената исхрана, слабата телесна активност и емоционалниот стрес можат да ги засилат симптомите на менопаузата. Некои жени стануваат понервозни или депресивни, имаат чести главоболки и болки во стомакот, чувствуваат навала на крв во главата и во горниот дел од телото (удари на топлина). Понекогаш се јавуваат болки во грбот, грчеви во нозете или проширени вени.
Потребите за витамин Е се исклучително големи за време на менопаузата. Овој витамин е антиоксидант кој го штити срцето и крвните садови. Една од неговите главни задачи е заштитата на „лошиот“ холестерол од оксидација и на тој начин го намалуваат ризикот од појава на болести на срцето. Поради зголемениот оксидативен стрес во периодот на менопаузата потребно е да се зголеми внесувањето на сите антиоксиданти. Кмбинациите на витамини Е и Ц, како и витаминот Е со селен се најдобри за овие жени. Во менопаузата витаминот Ц е битен како помагач при формирањето а колагенот.
Кај жените кои земаат естроген во склоп на терапијата за надокнадување на хормоните, количеството витамин Б6 е намалено. Надостатокот на овој витамин се појавува и кај жените во постменопаузата кои имаат остеопороза. Фолната киселина и витамините Б6 и Б12 заеднички го намалуваат зголеменото ниво на хомоцистеин, аминокиселина која се поврзува со појавата на болести на срцето. Поради тоа жените треба да обезбедат соодветно внесување витамини од Б-група.
Суплементите на калциум се сигурна превенција за остеопороза. Но не смее да се заборави и на другите нутриенти кои се клучни за правилната апсорпција на калцим. Покрај витаминот Д, клучен за апсорпција на калциумот е магнезиумот. Кога тој не е присутен во доволни количества, калциумот може да се насобере во меките ткива и слабо да се апсорбира во крвта и во коските. Магнезиумот дејствува како активатор на хормонот кој е одговорен за регулирање на нивото на калциум во коските и во крвта. Правилниот рамер на калциум и магнезиум е 2: 1. Борот е елемент кој е потребен за превенција на постменопаузната остеопороза, поради тоа што се грижи за здравјето на коските и за метаболизмот на калциум и магнезиум.
Покрај веќе препорачаните витамини и минерали, денес сè повеќе внимание се посветува на одредени билни екстракти кои поседуваат активни материи корисни за ублажување и превенција на одредени симптоми на менопаузата. За соините изофлавоноиди се смета дека имаат и естрогенски и антиестрогенски својства во зависност од тоа дали новото на естроген во крвта е високо или ниско. Истражувањата покажале дека специфичните форми на изофлавони од соја, генистеин и даиџеин, го помагаат регулирањето на хормоналната рамнотежа кај жените, штитат од остеопороза и од појава на рак, имаат антиоксидантни својства и го намалуваат холестеролот.
Маслото од жолтата јагорка (Oenothera biennis), одностно активната материја која ја содржи ова растение, гамалиноленската киселина, го поттикнува производството на простагландини во организмот, кои се слични на хормоните. Кај многу жени суплементацијата со ова масло помага во отстранување на непријатните симптоми од менопаузата.
Донг Кваи (Angelica sinensis) е лековита билка која ја има во Кина, Кореја и Јапонија. Популарно се нарекува „женски женшен“, а се покажала како делотворна во отстранувањето на симптомите од менопаузата, како врели бранови, вагинално сушење и депресија. Ја поттикнува работата на женските полови хормони и помага во транзицијата на производство на естрогенот од јајчниците во надбубрежната жлезда.