Занимливости
Кој е вашиот тип на оброк?

Знаејќи како, кога, и зошто јадеме може да ве научи како да јадете промислено, да преземете контрола за вашата тежина и да направите здрави промени во вашата исхрана. Решете го овој краток квиз за да утврдите што е она што можете да направите за да се исхранувате на здрав и природен начин кој одговара на вашиот животен стил.

  • Кое е вашето омилено место за јадење?

А. На кауч додека гледате телевизија навечер

Б. На маса

В. Било каде (на биро, во кола..)

  • Колку често јадете?

А. Поголемиот дел од калориите ги консумирам по 17 часот

Б. Јадам три оброци дневно, започнувајќи со добар појадок

В. Било кога во денот по малку

  • Што најмногу ја опишува вашата мотивација за јадење?

А. Станувам многу гладен/на

Б. Со нетрпение го очекувам наредниот оброк

В. Навика ми е – јадам секогаш кога има храна наоколу

  • Колку јадеш на едно седнување?

А. Во текот на денот не јадам многу, но затоа надокнадувам навечер

Б. Јадам сè од чинијата

В. Јадам мали порции – од сè по малку

  • Која комбинација најмогу ти се допаѓа?

А. Хамбургер, пржени компири и кока кола

Б. Сендвич со салата

В. Мини бургери со кашкавал, месо и салата

  • Како се чувствуваш од кога ќе се најадеш?

А. Чувствувам кривица

Б. Доста задоволно, но не прејадено

В. Не ни помислувам на тоа

 

Најмногу одговори под А. Вие сте НОЌНА ПТИЦА

 

Кога сте најактивни ноќе, внесувате најмногу калории јадејќи голем оброк за вечерата. Можеби некогаш успевате да се воздржите преку денот да не јадете многу, но вашиот метаболизам и енергијата забавуваат на крајот од денот и тогаш внесувате најмногу калории. Богатиот оброк ослободува допамин и серотонин во мозокот, па може да се каже дека ноќните птици го гледаат калоричниот оброк навечер како награда по долгиот ден и јадењето за нив е начин на ослободување од стресот. Според некои експерти, можеби е подобро да најдете друго хоби за ослободување од стресот отколку постојано да јадете навечер. На пример, преку денот јадете мали порции храна и по секое јадење послужете се со плус протеинска ужинка. Тоа ќе ви ги одржи нормални нивоата на енергија и нивото на шеќерот во крвта, пришто не ќе мора да јадете неконтролирано во вечерните часови. Започнете со мал оброк наутро како тврдоварени јајца, за ручек јадете јогурт со некое овошје што ќе ви даде протеин и ќе ве задоволи. Пред вечерата земете протеинска ужинка, пример јаболко или бадеми. И за вечерата јадете нормално без да чувствувате потреба дека треба да го изедете целиот фрижидер!

 

Најмногу одговори под Б. Вие сте ЧИСТАЧ НА ЧИНИИ

 

Најчесто јадете три оброци дневно и никогаш не оставате полна чинија. Вие се личност која „јаде за да преживее“ сака ред, правила и совршенство. Можеби имате тенденции на опсесивно компулсивно нарушување и не го слушате телото дека бара храна бидејќи јадењето не е приоритет за вас. Пробајте да вршите контрола на други области од вашитот живот и почнете да обрнувате внимание на физичките сензации дека сте гладни.

Многу луѓе често ја помешуваат гладта со жед, затоа пред да јадете консумирајте течности. Пробајте да пиете 200-300 милилитри топол или ладен чај пред секое јадење. Ова ќе ви го стабилизира нивото на шеќер во крвта и ќе го засити вашето тело. Јадете кога сте гладни и престанете со јадење кога ќе сте сити. Започнете со помала порција и ако сè уште сте гладни, внесете повеќе протеини и зеленчуци без скроб.

 

Најмногу одговори под В. Вие сте ЉУБОПИТНИ И УМЕРЕНИ

 

Вие преферирате мали оброци и чести ужинки. Најчесто јадете без размислување цел ден и иако јадете мали оброци на здрав начин, многу луѓе се соочуваат со проблем бидејќи внесуваат премногу шеќери и јаглехидрати. Ова може да доведе до зголемување на тежината. Носете си со вас здрав оброк од дома или консумирајте здрава ужинка кога ќе ви се пријаде. Спакувајте си ќесе несолени јатки или свежо овошје.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: