Занимливости
Кој есенски десерт си?

Кој есенски десерт си? Кој од вкусните колачи и торти од овој период најмногу го опишува твојот карактер? Реши го овој интересен квиз и дознај го одговорот – не е потребно многу, само одговори на неколку прашања.

Главните есенски состојки од кои се подготвуваат највкусните есенски десерти без дилема се костените, тиквата и јапонското јаболко. Што ти се допаѓа најмногу? Можеби вкусна торта од чоколадо и костени? Дали чизкејк од тиква, или пак, неодоливиот Монблан колач?

Што чекаш? Направи пауза, реши го квизот и дознај кој есенски десерт најдобро го опишува твојот карактер!

 

  • Како сакаш да ги поминуваш есенските вечери?

А. Со топло чоколадо

Б. Со чаша црвено вино

В. Со торта или колач

  • Која е твојата омилена есенска состојка?

А. Тиква

Б. Јапонско јаболко

В. Костени

  • Која е твојата омилена есенска боја?

А. Портокалова

Б. Беж

В. Кафена

  • Дома имаш гости…како изгледа чаршавот со кој ќе ја декорираш масата?

А. Со тиква

Б. Со свеќи и со цветови

В. Со суви лисја и гранки

  • Што е неопходно за една убава есенска вечера?

А. Неодоливо домашно предјадење

Б. Квалитетно вино

В. Вкусен десерт

  • Што би приготвил/а од костени?

А. Чоколаден колач од костени

Б. Елегантен десерт

В. Едноставна торта

  • Што би приготвил/а од тиква?

А. Солена торта

Б. Ориз

В. Мафини

  • Како се дефинираш себеси?

А. Хиперактивна личност

Б. Одлучна личност

В. Едноставна личност

  • Кои се твоите омилени бои?

А. Светли бои

Б. Темни бои или неутрални

В. Пастелни бои

 

Највеќе одговори под А:

ТИ СИ ЧИЗКЕЈК ОД ТИКВА

chizkejk-od-tikva1

Есенскиот десерт кој најмногу го опишува твојот карактер е Чизкејк од тиква – вкусен и популарен десерт што всушнот целосно те отсликува тебе и твојот карактер! Ти си весела, активна, оригинална и многу инвентивна личнот. Во кујната сакаш да испробуваш нови вкусови и да експериментираш со рецептите. Твојот идеален изглед е придружен од модерни парчиња облека во живи и шарени бои.

 

Највеќе одговори под Б:

ТИ СИ МОНБЛАН КОЛАЧ

monblan

Есенскиот десерт кој најмногу го опишува твојот карактер е Монблан колачот – сладок и префинет италијански десерт. Ти си одлучна и екстровертна личност и овој десерт целосно те отсликува! Во кујната сакаш да приготвуваш оригинални и специфични јадења од различни кујни. Сакаш да експериментираш со нови вкусови и ароми. Се грижиш за својот изглед и ти се допаѓаат темни или неутрални бои.

 

Највеќе одговори под В:

ТИ СИ ЧОКОЛАДНА ТОРТА ОД КОСТЕНИ

chokoladna-torta-od-kosteni

Есенскиот десерт кој најмногу го опишува твојот карактер е чоколадна торта од костени – едноставен и мек есенски десерт погоден за со шолја чај. Ти си токму таква личност – уживаш да ги поминуваш вечерите на едноставен начин со малку работи кои те прават среќен/на!

 

 

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: