Занимливости
Која е твојата новогодишна песна?

Почувствувајте го празничниот дух и решете го овој брз и забавен квиз со кој ќе дознаете која новогодишна и божиќна песна е за Вас!

  • Како се чувствувате за време на новогодишните и божиќни празници?

А. Го обожавам овој период од годината и со нетрпение го чекам!

Б. Мислам дека е специјален период од годината.

В. Доколку има за јадење и за пиење, тогаш ми се допаѓа!

Г. Просто го обожавам!

  • Божиќ е период кога треба…

А. Да поминувате најмногу време со саканите

Б. Да јадам и пијам колку што ми душа сака!

В. Да љубите

Г. Да бидете сакан/а

  • Вашиот новогодишен подарок очекувате да биде…

А. Подарок од срце

Б. Скап

В. Најубав од сите

Г. Посебен и грижливо одбран

  • Кои се омилените активности кои ги правите за празниците?

А. Гледање празнични филмови и емисии

Б. Пиење на многу алкохол

В. Да го имам своето семејство покрај мене е тоа што ми е најважно

Г. Остатоците од превкусната готвена храна! И подароците.

  • Најдобриот дел од Божиќ е…

А. Поминување време со семејството

Б. Храна и пијалаци!

В. Реакциите на најдрагите кога го отвараат мојот подарок за нив

Г. Подароците што јас ги добивам и работите што си ги купувам за празниците, секако

  • Кој е Вашиот омилен божиќен филм?

А. Комедијата „Џуџе“ со Вил Фарел (англ. Elf)

Б. Анимираната фантазија „Поларниот експрес“

В. „Лош Дедо Мраз“ (англ. Bad Santa)

Г. Одличниот „Сам дома“

  • Кој е Вашиот омилен божиќен лик?

А. Рудолф

Б. Џуџињата

В. Елените на Дедо Мраз

Г. Дедо Мраз, секако

  • Што не сакате во Вашата чинија за Божиќ?

A. Месо

Б. Благодарен/на сум што имам храна на масата

В. Моркови и секаков зеленчук

Г. Божиќ е, ќе јадам од сè по малку!

  • И за крај…кој лик најмногу Ве нервира за време на празниците?

А. Татко ми…секогаш ме засрамува!

Б. Моето семејство е совршено

В. Неблагодарните личности

Г. Постарите членови што ме прашуваат многу лични прашања

 

Најмногу одговори под А:

Вие сте “All I want for Christmas is You!” – божиќниот класик од Мараја Кери.

 

 

 

Текстот кажува сè, навистина, Вие сте скромна личност и немате премногу новогодишни желби. Само една работа Ви е потребна во овој период, а тоа се Вашите најдраги личности кои сакате да Ви се во близина за време на празниците. Подароците се исто така одлични, но семејството за Божиќ е тоа што Ве исполнува!

 

Најмногу одговори под Б:

Вие сте “I Wish It Could Be Christmas Every Day” – од Визард

 

https://www.youtube.com/watch?v=IM_H4CAAYxc

 

 

Буквално сте опседнати со Божиќ! Обожавате да се разбудите по божиќната ноќ и да ги отварате подароците од најдрагите со најголеми очекувања. Но, сепак, тие очекувања се преголеми! Во овие денови најбитна е хармонијата и уживањето, така што, и да посакавте плазма телевизор или нов лаптоп и да не го добиете, не треба да дозволите Ви се уништи расположението.

 

Најмногу одговори под В:

Вие сте рок класикот од деведесетите – “Fairtytale of New York”.

 

https://www.youtube.com/watch?v=j9jbdgZidu8

 

 

Вие не навлегувате премногу во празничниот дух, но сепак знаете да уживате во овој период на свој начин. Доколку имате пијалак во рака и вкусно приготвени домашни јадења, Вие сте среќно човече!

 

Најмногу одговори под Г:

Вие сте ”Last Christmas”, еден од безвременските класици од групата ”Wham”.

 

https://www.youtube.com/watch?v=E8gmARGvPlI

 

 

Да љубите за време на празниците и да бидете великодушни, за Вас е побитно отколку да бидете незадоволни со тоа што го имате и постојано да барате повеќе. Со семејството покрај Вас на Божиќ, се чувствувате како да сте најсреќниот човек на планетата. Само не го давајте своето срце на никој овој период од годината, бидејќи може уште следниот ден да го скршат! 😀

 

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: