Занимливости
Која храна да ја јадете, а која да ја избегнувате пред спиење

Несоницата влијае приближно на еден од три луѓе, а повеќето возрасни постојано се трудат да имаат барем 8 часа сон секоја вечер. Причината за нашите немирни ноќи може да биде храната и пијалоците што ги консумираме пред да одиме во кревет.

 

Експерти за спиење откриваат 5 изненадувачки намирници кои секогаш треба да ги консумираме пред да си легнеме.

 

1. БАНАНИ

Бананите се богати со магнезиум, мускулен релаксант, како и со хормоните за спиење, серотонин и мелатонин.

Една неодамнешна анкета покажа дека просечниот возрасен човек спие само 6 часа и 28 минути во една ноќ, и пропушта 6 часа и 10 минути спиење секоја недела.

 

3CB176E200000578-4176210-image-a-45_1485878326693

 

2. МЕД

Лажичка мед содржи гликоза, која му кажува на вашиот мозок да го исклучи орексинот, кој хемиски е познат да предизвика внимание.

Турбулентни мисли се најчеста причина за непроспиени ноќи, со 53 отсто од луѓето што не можат да престанат да размислуваат кога ќе ги изгасат светлата.

 

3. БАДЕМИ

Бадемите содржат триптофан и магнезиум, кои и помагаат за природно намалување на мускулната и нервната функција, а исто така го стабилизираат срцевиот ритам.
Истражувањето исто така покажа дека една четвртина од луѓето седат будни поради зголемените нивоа на стрес.

 

3CB1777600000578-4176210-image-a-47_1485878342528

 

4. ОВЕС

Овесните снегулки го активираат инсулинот и го подигат вашиот крвен шеќер по природен пат. Овесот е исто така богат со мелатонин.

 

5. МИСИРКИНО МЕСО

Мисиркиното месо е уште една ужинка која може да се јаде доцна во ноќта и да ви помогне да спиете лесно, бидејќи таа содржи триптофан, која го охрабрува спиење.

 

3CB1774600000578-4176210-image-a-46_1485878341093

 

Други намирни кои помагаат при несоница се чај од камилица, топло млеко и чаша вино.

 

Храна што треба да ја избегнувате пред спиење

 

1. АЛКОХОЛ

По чашка алкохол можеби се чувствувате поспани, меѓутоа пиењето повеќе алкохол спречува да навлезете во подлабоките фази на спиењето и може да ве направи мамурни и уморни следниот ден.

 

2. ЗАЧИНЕТА ХРАНА

По јадење на зачинета храна може да чувствувате тегоби во желудникот, а се шпекулира дека капсаицинот, активната состојка во чили пиперките, може да влијае лошо на спиењето со промените на телесната температура.

 

3. МРСНА ХРАНА

Јадењето тешка и мрсна храна навечер може да предизвика тешкотии во варењето на храната и да произведе вишок желудечна киселина што може дополнително да го наруши спиењето.

Хамбургери, брза храна, сладолед и друга калорична храна треба да се избегнува пред спиење.

 

3CB176E600000578-4176210-image-a-51_1485878360678

 

4. КАФЕ

Експертите го објаснуваат пиењето кафе пред спиење како враќање на часовникот во телото еден час порано. На пример, три часа пред спиење ако се напиете еспресо, може да се продолжи инсомнијата уште еден час.

 

5. КАШКАВАЛ И СИРЕЊЕ

Солените сирења содржат високи нивоа на тирамин, амино киселина што прави мозокот да лачи хормони кои не’ прават да се чувствуваме одморени и наспани, а со тоа да го нарушиме спиењето.

 

3CB1770200000578-4176210-image-a-52_1485878366553

 

Заклучок: додека одредени видови храна и пијалаци може се корисни за квалитетен сон, оние кои се зачинети, кофеински или богати со масти и протеини, го нарушуваат спиењето.

 

Спиењето по јадење зачинет оброк може да резултира со немирна ноќ. Масната храна богата со протеини, како стек, се вари бавно и може да го наруши нашиот биоритам.

 

И  додека една чашка вино може да направи да се чувствуваме поспани, премногу алкохол не’ спречува да навлеземе во подлабоките фази на спиење и може да направи да се чувствуваме доста уморни следниот ден.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: