1.Кој збор најдобро Ве опишува?
А. Љубезен
Б. Дрзок
В. Опуштен
Г. Балансиран
Д. Позитивен
2.Што правите за викендите?
А. Гледам филмови во тренерки
Б. Одам надвор со пријателите
В. Шетам, запознавам нови луѓе
Г. Поминувам време сам со себеси
Д. Одам да трчам
3.Колку време поминувате правејќи некаква домашна обврска?
А. Не ни помислувам на тоа
Б. Гледам да ја завршам за 1 час, но брзо се деконцентрирам…
В. 2-3 часа, можеби и 4
Г. Обично поминувам доста време, околу 1-2 часа…
Д. Не започнувам сè додека не е неопходно
4.Што најмногу цените?
А. Здравје
Б. Себеси
В. Пријатели
Г. Филмови
Д. Сè ценам
5.Кој е вашиот омилен дел од училиштето/работата?
А. Ручекот
Б. Времето кога си одам дома
В. Што постојано гледам и сум во контакт со луѓе
Г. Ништо
Д. Пријателите
Најмногу одговори под А: Брза храна
Вие сте брза храна. Може да направите се што ќе осмислите, но морате да внимавате повеќе на здравјето. Главни сте меѓу пријателите бидејќи можете да се поврзете со сите и сте многу опуштени. Можеби на периоди не влијаете најдобро на другите, но можете да направите сите да се чувствуваат подобро ако Ви дадат шанса.
Најмногу одговори под Б: Слатка храна
Вие сте слатка храна! Љубезни сте, полни со љубов и енергија и многу сте мили. Секој можете да го развеселите, но понекогаш можете и да ги разочарате. Сè на сè, на секој му треба здрава доза од вас во животот.
Најмногу одговори под B: Здрава храна
Вашиот тип на исхрана е здравата храна. Имате позитивна енергија и способни сте да го разубавите денот на секој. Можеби не се спогласувате многу со другите луѓе, но колку и да не сакаат да признаат, не можат без вас!
Најмногу одговори под Г: Солена храна
Вие сте во одлична хармонија со солената храна. Имате цврст и решителен став и не се плашите да го покажете тоа. Или правите баланс во односите со другите луѓе или воопшто не се согласувате. Но како и да е, секогаш го задржувате своето Јас.
Најмногу одговори под Д: Кисела храна
Вие ги сакате киселите вкусови во исхраната. Вашиот карактер е балансиран и можете да бидете во одлични односи речиси со секој.