Занимливости
Креативни есенски украси

Есента е полна со бои, искористете ги нејзините дарови и со малку креативност и имагинација создадете свои украси. Домот ќе ви биде поубав, а вие ќе бидете релаксирани и во исто време ќе успеете доста да заштедите од буџетот!

Еве неколку интересни и лесни украси кои секој може да ги направи.

 

1

За оваа декорација потребни ќе ви бидат вештачки листови и рибин конец. Отстранете ги дршките од листовите. Потоа со лепак залепете ги листовите на рибиниот конец. Претходно е потребно да ја одредите должината на конецот која ја сакате. Закачете ги на прозорите или на вратите.

 

 

2

За оваа декорација ќе ви треба рамка за слика, желади (кои можете да ги соберете за време на една прошетка во шума) и лепак. Залепете ги желадите на рамката како што е на сликата покажано и ќе добиете прекрасна есенска рамка.

 

 

3

Овој украс е доста едноставен. Ќе ви треба поголем стаклен сад, убава голема свеќа, суви гранчиња и желади. Ги редите сите работи во садот како што е прикажано на сликата и украсот е готов.

 

 

15184035_1533228290026879_359300235_o

Потребно е: суви гранчиња, лепак, чаша и мала свеќа. Едноставно залепете ги гранчињата за чашата и создадете прекрасен свеќник.

 

 

15174586_1533228263360215_1036772948_n

За оваа декорација ќе ви требаат суви листови, тегла и лепак. Втор начин за подготовка на свеќник направен дома.

 

 

6

25 тапи од вино, портокалова темперна боја, четка, пиштолче со лепак, конец и вештачки зелени листови.

Залепете ги тапите со лепакот. Прво наредете 4, над нив 5, па 6, повторно 5 и 4. Обоите ги тапите од двете страни со портокалова боја. Едната тапа што остана пресечете ја на пола и залепете ја најгоре. До неа залепете ги зелените лисови и потоа замотајте ја доле со малку конец и врзете го во машничка.

 

 

7

За оваа декоративна свеќа ќе ви требаат стапчиња цимет, конец и свеќа. Залепете ги стапчињата на свеќата, како на сликата, потоа направете машничка со конецот.

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=0XskvUMsjtk

На видеото може да видите три креативни начини како да ја украсите трпезата со салфетки: направете кошнички каде може да ставите разни грицки и колачи или пак едноставно свиткајте ги салфетките и обликувајте интересни форми со кои ќе ги изненадите гостите и ќе внесете малку креативност на масата.

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=yOX0K7yU9Io

Волнениот конец може да се искористи во многу украси. На видеото се прикажани три начини со кои може да направите прекрасни декорации: земете го картонскиот дел од тоалетната хартија, обвиткајте конец во шарена боја и формирајте мини капчиња; земете вилушка и обвиткајте го волнениот конец како на видеото, а потоа пресечете го и добијте колоритна и мека подлога; или промешајте во сад течен лепак и вода, па додајте едно конопче од волнениот конец и формирајте ги декоративните ѕвезди како на видеото со помош на штрафчиња и даска, а потоа почекајте да се исуши и закачете ги на бел конец.

 

 

 

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: