Занимливости
Креативни новогодишни поклони

Неколку последен момент идеи за новогодишни поклони кои можете да ги подарите на вашите најблиски. Овие слатки и креативни идеи можете да ги направите самите, а ќе ви заштедат и многу пари.

 

oven-mit-gift-small

 

Одличен поклон за сите љубители на готвењето. Едноставено земете ракавица за готвење и во неа ставете различни алатки за готвење.

 

slippers-gift-title

 

Слична идеја како претходната. Ви требаат меки папучки за по дома и наполнете ги со лабела, чоколади, шминки…

 

tea-wreath-small

 

Венец со чаеви. За сите љубители на топол чај во ладните денови. За да го подготвите овој венец ќе ви требаат 2 картони кружно исечени и залепени еден со друг како на сликата.

 

IMG_0233-1

 

Одозгора залепете украсна хартија и по краевите залепете чипка за декорација.

 

IMG_0260

 

Потоа залепете дрвени штипки во круг кои доколку сакате можете да ги декорирате и на секоја штипка закачете по една кесичка со чај.

 

IMG_0262

 

Следниот поклон е сет за мажи кои сакаат да посветат време на својот изглед.

 

Cleans_Up_Well

 

Mens_Pampering_Gift_In_A_Jar

 

Земете тегла и наполнете ја со сите потребни работи за средување, како брич, лабело, ножички за тримување на брадата и веѓите…

 

How-to-Make-Microwaveable-Heat-Packs2

 

How-to-Make-Microwaveable-Heat-Packs1

 

Ова е идеалниот поклон за оние кои не уживаат во ладните зимски денови. Греач за раце кои ќе ги држи топли за време на ниските температури. Ќе ви треба платно кое ќе го сошиете како џеб, наполнете го до горе со ориз и зашијте го. Греачите работат на тој начин што треба да ги ставите во микробранова печка 3-4 минути да се загреат, а потоа уживајте во топла прошетка на снег.

 

img

 

Поклон со кој нема како да погрешите бидејќи е секогаш добредојден. Декорирајте го малку во духот на новата година како на сликата (очите, носот и роговите можете да ги најдете го Џамбо и само залепете ги) и подарокот е готов.

 

 

 

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: