Свети Валентин според многумина е најромантичниот ден во годината. Заљубените парови ја прославуваат својата љубов и си разменуваат меѓусебно подароци, честитки, цвеќе, одат на романтична вечера или викенд. Иако Св. Валентин не се смета за православен празник, сепак кај нас се следи традицијата од западните земји и на овој ден многу заљубени парови ја искажуваат љубовта према саканиот преку романтични гестови.
Кој е Свети Валентин?
Свети Валентин се смета за заштитник на заљубените, живеел околу 200-тите години и бил епископ и маченик. Свети Валентин имал трагичен крај: тој бил погубен во времето на владеење на римскиот цар Клаудиј II со што му ја отсекле главата. Подоцна царот Јулије над неговиот гроб подигнал црква и од тогаш се слави како светец помеѓу католиците. Дури во 15-тиот век, светецот Валентин се поврзал со денот на заљубените и од тогаш до денес секоја година на 14-ти февруари се слави овој празник како празник на заљубените.
Идеи за креативни подароци за Свети Валентин
За оние кои ја следат традицијата и сакаат да ги изненадат најсаканите со подарок, ви претставуваме неколку креативни идеи што може да ги направите сами дома и да заштедите од буџетот! Верувајте дека ќе ги изненадите на правилен начин саканите, бидејќи понекогаш најубавиот подарок е оној кој е подарен од срце и со сопствен труд 🙂
- Хартиен ќош за книги
Ако вашиот партнер е љубител на книги – ова со сигурност е правилниот подарок за него. Тоа што ви е потребно се црвена хартија за оригами и ножици. Толку.
Свиткајте ја хартијата дијагонално. Свиткајте ја потоа во триаголник. Врвот на триаголникот свиткајте го кон основата.
Потоа левиот и десниот крај од триаголникот виткајте ги кон средината. Одвиткајте. Свиткајте ги левиот и десниот агол кон врвот и превиткајте.
На крај со ножици исечете ја формата на срце.
- Хартиен венец
Ќе ви требаат: хартија во боја, подебела хартија (или картон), декоративна лента, ножици и лепак.
Нацртајте срциња со молив на хартијата и исечете ги со ножици. Потоа картонот исечете го кружно како венец и на него залепете ги срцињата. На крајот ставете ја лентата за да може да виси венецот.
- Декоративна трака
За оваа декорација ви треба црвен хамер. Исечете го на ленти тенки 1-2 см и со еднаква должина.
Потоа захефтајте 4 ленти од основата. Превиткајте ги внатрешните 2 ленти и захефтајте. Повторувајте ја постапката зависно од тоа колку сакате лентата да биде долга.
- Декоративен свеќник
Потребно ви е: тегла, весник, лепак, свеќа и коноп. Преполовете го весникот и исечете срце, па залепете го на теглата. Заврзете ја теглата на врвот со коноп, запалете свеќа и вашиот свеќник е готов!
- Оброк со љубов
Доколку вашиот партнер е гурман и ужива во вкусот на храната, не двоумете се да му подготвите креативен оброк. Еве ја идејата:
Подготовка: парчето леб намачкајте го од двете страни со малку путер. Со нож исечете срце во средината на лебот. Намастете една тава со путер и ставете ја на оган. По една минута ставете го лебот и потпечете го кратко од двете страни за да стане крцкав и малку кафенкаст. Јајцето скршете го во средината на кришката и пржете го 2 минути.
- Декоративни мафини
За подготовка на овие мафини, ќе ви требаат вообичаените состојки за благи мафин колачи (побарајте ги на нашата страна).
Само додатно измешајте ја смесата со црвена прехрамбена боја и пред печење ставете по една џамлија во секој калап за да се добие форма на срце.
- Мини палачинки
Испржете американски палачинки (рецептот погледнете го на нашата страна) така што ќе ги оформите во срце при пржењето. Потоа набодете ги на дрвено стапче за ражен и декорирајте со парчиња овошје. Добар апетит!