Занимливости
Креативни велигденски декорации

Велигденските декорации што може да ги направите самите се многу креативни и поинтересни од оние што може да ги купите во продавница. Погледнете неколку декоративни идеи за Велигден што може да ги направите за да го украсите домот и трпезата и неколку идеи за креативно боење на велигденските јајца.

 

 

1. Велигденски венец

 

01

 

Венецот може да го закачите на надворешната врата, а изгледа навистина декоративно и интересно. Тоа што ви е потребно се повеќе подебели и потенки гранки од дрво, неколку шпенадли во боја да ги закачите меѓу гранките, трака и цвет.

 

 

2. Елка со јајца

 

02

 

Велигденска елка со јајца што може да ја направите многу лесно: ставете гранки од дрво во метална кофа или во вазна и на нив наредете ги „лампионите“ што ќе ги направите од хартија и конец и ќе ги обоите по желба.

 

 

3. Вазни за велигденски цветови

 

03

 

Ставете доволно боја по желба во стаклени шишиња и тегли, па оставете ги наопаку, со капакот надоле, да се сушат врз железна решетка.

 

 

4. Салфетки морков

 

04

 

Со портокалови салфетки обвиткајте го пластичниот прибор за јадење во зелена боја и прицврстете со портокалова трака. Ова е интересен начин за декорација на велигденската трпеза, а може да го ставите и во вазничка како на сликата.

 

 

5. Мини саксии од јајца

 

01

 

Во дупките од кутијата за јајца ставете лушпи од јајце и во нив внимателно ставете земја и засадете цвеќиња по желба.

 

 

6. Украсна лента

 

02

 

Може да ја ставите во дневната соба, а тоа што ви треба за да ја направите се хартија што ќе ја обоите или хамер во боја од кои ќе исечете форми на јајце и игла и конец за да ги прицврстите.

 

 

7. Декоративни зајчиња 

 

01

 

Изненадете ги малите членови од семејството и направете ги овие декоративни зајчиња за нив! Земете два пара волнени чорапи, полнете ги со ориз повеќе од половина, заврзете со трака и повторно наполнете ги малку со ориз (за главата), па заврзете. Исечете уши и залепете очи, нос и заби.

 

8. Сини прскани јајца

 

сини

 

Ќе ви требаат сварени јајца, црвена зелка, 4 кафени лажици бел оцет, златна боја за храна, четка

Прво исечете ја зелката на ситни парчиња и ставете ја да се вари во сад со 5 чаши вода. Од кога ќе почне да врие водата оставете ја зелката да се вари уште 30-45 минути. Оставете ја водата целосно да се олади, а потоа извадете ја зелката и во водата ставете  го оцетот. Јајцата ставете ги во сад за печење и прелијте ги со водата од зелката. Оставете ги да стојат во водата 1-2 часа со тоа што на половина час ќе ги вртите.  Потоа извадете ги и од кога целосно ќе се исушат испрскајте ги со златната боја и четката.

 

 

9. Мермерни јајца

 

diy-marbled-indigo-easter-eggs-steps

diy-marbled-indigo-easter-eggs-4

 

Ќе ви требаат сварени јајца, пластичен сад, син лак, чечкалица, вода на собна температура и гумени ракавици.

Наполнете го садот ¾ со вода и ставете од лакот. Со чечкалица промешајте за да се добијат интересни шари. Ставете ги јајцата во водата, лакот ќе се залепи на нив, извадете ги оставете ги да се исушат.

 

 

10. Јајца пилиња

 

пилиња

 

Ќе ви треба жолта боја за јајца, жолти пердуви, лепак, јајца.

Сварете ги јајцата жолти според упатството. Кога ќе се исушат на врвот залепете по 1-2 жолти пердувчиња, а со црн и црвен материјал направете ги очите и клунот и залепете ги како на сликата.

 

 

11. Јајца во свила

 

свила

 

Исечете парчиња свила и малку намокрете ја. Замотајте го јајцето во неа и врзете го со гумен ластик. Потоа истото јајце замотајте го и во бел памучен материјал и тоа врзете го со ластик. Во тенџере ставете вода и додајте 4 лажици бел оцет. Кога водата ќе почне да врие, намалете ја температурата и варете уште 40 минути. Извадете ги јајцата од водата и оставете ги да се оладат уште 20 минути, а потоа извадете ги од платната.

 

 

12. Јајца емоџи

 

емоџи

 

Обојте ги јајцата жолти со боја за јајца. Од кога ќе се исушат нацртајте им очи и уста со воодоотпорни маркери.

 

 

13. Шарени јајца со боја за храна

 

боја за храна

 

Сварете ги јајцата и кога ќе се оладат завиткајте ги во толетна хартија. На хартијата капнете од боите за храна, трнете ја хартијата, оставете бојата да се исуши и јајцата се готови.

 

 

 

 

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: