Работата за варените јајца е дека е навистина лесно да ги згрешите и крајно предизвикувачки да ги погодите. На пример, ако ги варите премногу долго, жолчката има вкус на гума и е многу сува. Но, ако не ги варите доволно, белката од јајцето и жолчката се многу течни.
Ставете вода да се вари, а потоа ставете ги јајцата. Водете се по сликата и варете ги според тоа какви ги сакате.
Друга работа околу варените јајца е свежината. Често пати без да го излупиме јајцето, не знаеме дали е свежо или пред расипување. Еве неколку совети што може да ви користат:
-Проверете дали јајцето е свежо или расипано со тоа што ќе го ставите во чаша со ладна солена вода. Ако јајцето потоне на дното, тогаш е свежо, меѓутоа ако исплови на површината-значи дека е расипано и дека треба да го фрлите.
-На изглед свежите јајца се со груба лушпа, додека текстурата на постарите јајца е мазна и сјајна.
-За да проверите дали јајцето е тврдоварено, свртете го на работната маса-ако се врти повеќе пати значи дека е тврдоварено. Ако јајцето не се врти повеќе пати и се враќа во првобитната положба, значи дека е ровко.
-Боцнете го задниот дел на јајцето со игла и нема да ви се скрши додека се вари.
Совети за полесно лупење на јајцата:
-Варете ги во вода со сода бикарбона.
Содата е алкална, па со тоа ќе ја подигне pH вредноста, со што ќе овозможи јајцата полесно да се лупат. Но за поголема функционалност, направете дупче на горниот и долниот дел од јајцето за да може содата да продре во внатрешноста и со тоа јајцето полесно да се лупи.
-Тресете го јајцето во чаша со вода.
Еден трик со кој јајцето ќе го излупите веднаш. Ставете го јајцето во чаша со малку вода. Затворете ја чашата со рака и енергично тресете го јајцето 20 секунди.