Занимливости
Кулинарски трикови
15 кулинарски трикови кои ќе ве направат мајстор во кујната.
- Направете лимонада во блендер – исечете го лимонот на четвртини, ставете го со водата, ледот и шеќерот во блендер и добијте истант лимонада.
- Излупете авокадо за 10 минути – завиткајте го авокадото во тенка фолија и ставете го во заргеана рерна неколку минути, потоа во фрижидер и кората ќе излезе веднаш.
- Зaдржете ја марулата свежа и крцкава – измијте ја марулата, замотајте ја во кујнска хартија и ставете ја во пластична ќеса.
- Брзо излупете тврдо сварени јајца – додајте една лажичка сода бикарбона во водата во која ги варите јајцата.
- Сварете паста за 60 секунди – пред да почнете со готвење, ставете ја пастата да отстои 1 час во вода. Кога ќе сакате да ја сварите ќе биде готова за 1 минута.
- Спречете го јаболкото од поцрнување – кришките јаболко наредете ги така што ќе бидат насочени со внатрешноста едни кон други. Прицврстете со гумен ластик.
- Спречете ги сварените јајца од пукање – пред да ги ставите јајцата во сад со ладна вода истријте ги со лимон.
- Извадете повеќе сок од лимонот – ставете го лимонот 15 секунди во микробранова печка пред употреба.
- Спречете го шеќерот од згрутчување – ставете манчмалоус во теглата во која го чувате шеќерот.
- Направете совршени палачинки – смесата за палачинки ставете ја во празно шише од кечап и така сипајте ја на плотната за печење.
- Спречете го авокадото на поцрнување – ставете го во сад со исечкан кромид.
- Исечете меко сирење без нож – употребете конец за заби за совршено прави линии.
- Не дозволувајте да Ви претече водата додека варите тестенини – ставете дрвена лажица напречно на тенџерето.
- Инстантно одмрзнете путер – изрендајте го на ренде.
- Отстоени колачиња направети ги повторно свежи – во пластична ќеса ставете неколку кришки леб и колачињата и оставете ги неколку часа.