Занимливости
Куркума – неверојатен зачин
Исто така се нарекува и „индиски шафран“. Куркумата е благотворен зачин што дава специфичен вкус и мирис на јадењата. Еве неколку причини зашто треба да ја консумирате често.
- Бидејќи е добра за човековиот организам и внатрешно и надворешно. Куркумата има антивоспалително дејство и го забрзува процесот на заздравување на лузните на кожата.
- Бидејќи претставува еликсир на младоста. Куркумата е природен антиоксиданс кој го забавува стареењето на клетките со спречување на слободните радикали.
- Бидејќи има неверојатна жолта боја благодарение на куркуминот. Со помош на куркумата, јадењата освен магичен вкус добиваат и волшебна боја.
- За да го започнете денот со „златно млеко“ – стар индиски рецепт од топло млеко, куркума и мед кој дава неверојатна енергија и е исклучително здрав појадок.
- Поради вкусот. Вкусот што потсетува на куркума е вкусот на кари кој дава одличен вкус на храната. Може да се комбинира со пилешко месо кое со сигурност ќе биде повкусно со овој зачин!