Грчеви се силни, болни контракции на мускулите кои доаѓаат одеднаш и траат од неколку секунди до неколку минути. Тие најчесто се јавуваат во нозете и можат да се појават во секое време од денот. Често се јавуваат како резултат на недостаток на минерали и витамини во телото.
Ако појавата на грчеви е многу ретка, не треба да се грижите, но ако тие се случуваат често, спонтано, дури и кога сте во состојба на мирување, потребно е да се утврди причината за нивното појавување и да превземете одредени мерки за да се ослободите од нив.
Дали знаевте дека обичниот глицерин може да биде од голема корист ако имате грчеви во нозете? Може да бидете изненадени, но употребата на глицерин е многу широка. Тој може да ви помогне со најнеочекуваните ситуации.
Глицеринот е транспарентна течност која се користи како компонента во производството на сапуни и други производи за лична хигиена.
Купете шише глицерин во аптека и намачкајте ги нозете како со млеко за тело. Со лесни движења масирајте го глицеринот, а потоа легнете да спиете. Благодарение на глицеринот, грчевите нема да ве мачат ноќе, а вашата кожа ќе биде мека и нежна.
Глицеринот е наједноставниот начин да се отстранат ноќните грчеви за секој кој страда од нив.
Совет Плус: Што да направите кога ќе имате грч со ногата?
За да се ослободите од болката, направете го следново:
Кога ќе имате грч во листот на ногата, обидете се да ги фатите прстите на ногата и нагло да ги повлечете кон себе. И покрај болката во нозете, обидете се да ја држите таа положба. Во исто време, масирајте го мускулот на листот. Болката наскоро ќе помине.
Луѓето кои се подложни на грчеви во мускулите на нозете мораат редовно да ги вежбаат нозете со истегнување во текот на денот, со што се постигнува релаксација на мускулните влакна и спречување на појавата на грчеви.
Терапијата треба да биде сведена на намалување на претераниот замор, надокнадување на течности и електролити и соодветна исхрана. Консумирањето магнезиум ја отстранува болката бидејќи помага моментално, но и долгорочно во релаксирањето на муслулите.