Занимливости
Направете сами: економични декорации за во дворот

Разбудете ја кративноста и „дотерајте“ си го дворот за да уживате во летните денови и вечери. Еве неколку интересни и економични идеи за вас! 🙂

 

1. Лебдечки свеќи

 

01

 

Ова може да биде романтична и декоративна идеја за во дворот во вечерните часови за поинтимна атмосфера. Тоа што ви треба е некоја постара кофа, свеќи, вода и цвеќиња.

 

 

2. Свеќник од стаклени тегли

 

02

 

Ќе ви требаат тегли, повисоки свеќи, метална жица, метро за мерење и клешти. Со жицата измерете колку е широк отворот на теглата. Со клештите исечете ја жицата според тие димензии и свиткајте ја во круг. Потоа исечете друг дел од жицата малку подолг од кругот, околу 25-30 см (за рачката на свеќникот) и свиткајте го во “U“. Прицврстете ги жиците како на сликата, па потоа закачете ги за теглата.

 

0102

 

 

3. Саксија од чизма

 

04

 

Не ви требаат гумени чизми во лето, па затоа искористете ги како декоративна саксија. Посадете го омиленото цвеќе и ставете ја во аголот на дворот што најмногу ви се допаѓа или на оградата. Доста интересен и декоративен додаток.

 

 

4. Саксија од гума

 

05

 

Уште една интересна идеја за саксија. Ви треба гума од возило и боја по желба. Засадете го цвеќето во гумата – декорација што нема да остане незабележана!

 

 

5. Вазна од стаклени шишиња

 

07

 

Постои ли нешто полесно од ова? Искористете ги декоративните шишиња што ги имате во домот како убави вазни со омиленото цвеќе. Одлично ќе изгледаат и на трпезата.

 

 

6. Мини двор

 

06

 

Слатка и интересна декорација што ќе изгледа одлично во вашиот двор.

 

 

7. Мини градина

 

01

 

Ова е проект за декоративните архитекти: направете од камења мини бавча каде што ќе ги насадите омилените билки и зеленчуци. Искористете го празното место во дворот и направете ја сами оваа спирална градина.

 

 

8. Саксија од дрво

 

01

 

Можеби треба малку повеќе напор за овој проект, меѓутоа изгледа навистина неверојатно. Уште една економична идеја што е одличен детал во вашиот двор.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: