Занимливости
Летното сметање на времето

Недела, 26 март, започнува летното сметање на времето во Македонија. Тоа значи дека ќе имате еден час помалку за спиење, меѓутоа денот ќе трае подолго сè до октомври 2017 година. Не заборавајте во 2 часот на полноќ да го поместите времето. А, сега прочитајте неколку историски факти за летното сметање на времето.

 

Историја на летното сметање на времето 

 

Летно сметање на времето се користи за зачувување енергија и подобра употреба на дневната светлина. Првпат се применува во 1908 година во Канада.

 

При летното сметање на времето се додава 1 час на стандардното време со цел за подобра употреба на дневната светлина и заштедата на енергија. Ова значи дека изгрејсонцето и зајдисонцето се еден час подоцна на часовникот од претходниот ден.

 

Првпат се применува во Канада во 1908 година

 
Онтарио (Thunder Bay), Канада стана првата локација за користење на летното сметање на времето во јули 1908 година. Други локации во Канада, исто така, беа први во доведувањето на летното сметање на времето.

 
Германија, прва земја во која се поместија стрелките на часовникот

 

Германија стана првата земја во која се воведе летното сметање на времето кога стрелките на часовниците се преместија понапред 1 час на 30 април 1916 година.

 

Причината за тоа била за да се намали употребата на вештачко осветлување, со цел да се заштеди гориво за војната за време на Првата светска војна. Идејата била брзо проследена од Велика Британија и многу други земји, вклучувајќи ја и Франција. Многу земји пак, се вратија назад за сметањето на стандардно време по Првата светска војна, но сè до следната светска војна каде што летното сметање на времето се врати во поголемиот дел од Европа.

 

Древните цивилизации и сметањето на времето

 

Иако летното сметање на времето се применува само околу 100 години, идејата била основана многу години претходно. Древните цивилизации се знае дека практикувале слична идеја како онаа за летното сметање на времето, каде што го прилагодувале нивниот секојдневен распоред според распоредот на Сонцето. На пример, водниот римскиот часовник употребувал различни скали за различни месеци од годината.

 

Бенџамин Френклин

 

Американскиот иноватор и политичар Бенџамин Френклин напишал есеј насловен „Економичен проект за намалување на трошоците на светлината” до уредникот на весникот на Париз во 1784. Во есејот  посочил тој, иако на шега, дека парижаните може да го економизираат користењето на свеќа со тоа што ќе станат наутро порано од кревет, со што ќе ја користат природната утринска светлина.

 

Хадсон и Вилет

 

Во 1895 година, научникот од Нов Зеланд Џорџ Вернон Хадсон го претставил документот Велингтоново филозофско друштво, предлагајќи две-часовна смена напред во октомври, а два часа да се врати назад во март. Имаше интерес за идејата, но тоа никогаш не било проследено.

 

Во 1905 година, независно од Хадсон, британскиот градител Вилијам Вилет предложил поместување на часовникот напред 20 минути во секоја од четирите недели во април, и да се врати назад за 20 минути секоја недела во септември, вкупно осум временски преместувања годишно.

 

Закон за првото летно сметање

 

Планот за летното сметање на Вилет го привлекло вниманието на пратеникот Роберт Пирс. Првиот план за летното сметање на времето бил изготвен во 1909 и бил презентиран на парламентот неколку пати и испитуван од страна на анкетната комисија. Сепак, идејата била оспорувана од многумина, особено земјоделците, така што законот никогаш не бил спроведен. Вилет починал во 1915 година, една година пред Велика Британија за почне да го користи летното сметање на времето во мај 1916.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: