Занимливости
Листа на важни минерали кои ги добиваме од исхраната

Минералите се неопходни за правилно функционирање на човечките органи и учествуваат во сите биохемиски процеси во организмот. Се нарекуваат исто така и микрохранливи материи, бидејќи се потребни во многу мали количества. Со мал број исклучоци, организмот не создава микрохранливи материи, туку ги добива преку исхраната. Затоа Ви ја претставуваме листата на минерали во исхраната кои се сметаат неопходни за човековото здравје.

 

Бакар

Бакарот претставува неопходен минерал за човековото здравје. Помага во создавање на хемоглобинот во крвта, ја олеснува ресорпцијата и користењето на железото, помага во јакнење на крвните садови, коските, нервите и тетивите. Најголем извор на бакар се морските плодови и внатрешните органи, семките, биберот, какаото и зелениот зеленчук.

 

Цинк

Цинкот учествува во низа физички процеси како раст и развој на коските и клеточното дишење. Цинкот најлесно се добива од немасното млеко, јајцата, сојата, остригите и пченичните никулци.

 

Флуорид и фосфор

Меѓу храната богата со фуорид и фосфор се вбројуваат сушените морски алги, сардини, лосос, месо, чај и безалкохолни пијалоци. Овие минерали се неопходни за здрави заби и коски. Фосфорот ја поттикнува контракцијата на мускулите и придонесува во растот и обновувањето на ткивата, а флуоридот го поттикнува создавањето на цврст глеѓ кој ги штити забите од кариес.

 

Железо

Железото во храната постои во два облици: феро облик (железо сврзано со хемоглобинот), што се наоѓа во црвеното месо, пилешкото месо, морските плодови и други производи од животински облик и фери облик (железо сврзано со слободните протеински носачи), што се наоѓа во темнозелениот зеленчук, житните производи, оревите, сушеното овошје и друга растителна храна.

 

Хлорид

Основната состојка на хлоридот е хлороводородната киселина што претставува еден од желудечните сокови кои учествуваат во варењето на храната. Со тоа, хроридот придонесува за правилно варење на храната и отстранување на отпадните материи. Исто така, хлоридот го одржува нормалниот распоред и pH на сите телесни течности, а поволно дејствува и на здравјето на нервите и работата на мускулите. Намирниците што содржат непреработена, природна храна обезбедуваат повеќе од доволно хлорид за човековото здравје.

 

Хром

Хромот заедно со инсулинот управува со користење на шеќерите во организмот и е неопходен за метаболизмот на масните киселини. Мали количества хром се наоѓаат во многу продукти: пивскиот квасец, црниот дроб, немасното месо, шеќерен сируп, зрната жито, јајцата и сирењето. Хромот тешко се ресорбира, така што во организмот се препорачува да се внесува многу поголеми количества хром од потребните.

 

Јод

Јодот активно учествува во метаболизмот на хранливите материи, работата на нервите и мускулите, состојбата на кожата, косата, забите, како и физичкиот и психичкиот развој. Алгите, морските плодови и зеленчукот се богат извор на јод. Кај нас готварската сол е јодизирана, што овозможува внесување на дополнителни количества јод во секојдневната исхрана.

 

Калциум

Калциумот ја намалува опасноста од срцеви заболувања, а во комбинација со витаминот Д може да ја намали опасноста од рак на дебелото црево. Калциумот е најзастапен во млечните производи, темнозелениот листен зеленчук, сардините, лососот и бадемите.

 

Калиум

Калиумот управува со отчукувањата на срцето и крвниот притисок, а е важен минерал за синтеза на белковините, метаболизмот на јаглехидратите и лачењето на инсулинот од панкреасот. Извори на калиум во исхраната се немасното млеко, свежото овошје и зеленчук, особено аргумите, бананите и авокадото како и компирот.

 

 

Магнезиум и манган

Магнезиумот е важен минерал за метаболизмот, а манганот има важна улога во правилното обликување на коските, ‘рскавицата и сврзното ткиво. Добри извори на магнезиум се рибата, лисниот зеленчук, млекото, оревите, семките и житото, а доволно количество манган се внесува преку портокал, кафеав ориз, семки, пченични никулци, грав и грашак.

 

Натриум

Кај нас најголемиот дел на натриумот потекнува од кујнската сол, а меѓу други извори на овој минерал се преработената храна, безалкохолните пијалаци, школките, зачините, разни соленки, додатоци на храната и лаксативите.

 

Селен и сулфур

Селенот е антиоксиданс што ги штити клетките и ткивата од оштетувања, а сулфурот помага во регулирање на нивото на шеќерот во крвта и помага во контрола на згрутчувањето на крвта. Исхрана богата со овие минерали е лукот, зрната жито, јајцата, печурките, рибата и млечните производи.

 

 

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: