Занимливости
Лубеницата – број еден летно овошје

Благодарение на само 20 калории што ги содржи во 100 грама и на своето антиоксидантско дејство, лубеницата претставува број еден летно овошје. Според истражувања во последниве години, лубеницата во поголеми дози претставува и природна вијагра – содржи аминокиселини кои го олеснуваат сексуалниот чин. Прочитајте повеќе занимливости за лубеницата и дознајте причини плус зашто би требало да ја консумирате во летниот период.

 

Потеклото на лубеницата

Потеклото на ова овошје е далеку во историјата: од античкиот Египет пред околу 5000 години. Пронајдени се хиероглифи како доказ за консумација на лубеницата уште во античките времиња. Се верува дека во гробниците на фараоните ставале лубеница за да му обезбедат храна во задгробниот живот.

 

Плодот на лубеницата

Плодот на лубеницата спаѓа во фамилијата на Тикви (Cucurbitaceae) и е едногодишно овошје што зрее во периодот од јуни до септември. Плодовите на лубеницата се со големи димензии, во кружна форма и можат да достигнат и до 20 килограми. Јадливиот дел е внатрешноста, која е црвена и сочна со црни и бели семки.

 

Лубеницата како природна вијагра

Според истражувања во последниве години, лубеницата во големи количества поседува својства како вијаграта и влијае врз либидото. Содржи аминокиселина аргинин, која влијае врз опуштање на крвните жили, исто како и вијаграта. Лубеницата не само што влијае позитивно на сексуалниот живот, таа ја подобрува и работата на срцето, крвотокот и имунолошкиот систем.

 

Затоа, правиот избор на летно овошје, за подобрување на здравјето, благосостојбата и сексуалниот живот е токму лубеницата. Не двоумете се да ја консумирате во поголеми количини!

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: