Имате потреба да каснете нешто пред да си легнете? Ужинка која е богата со протеини, како урда, е вистинскиот избор.
Ново истражување докажува дека консумирање 30 грама протеин 30 минути пред да си легнете има позитивни ефекти врз квалитетот на мускулите, метаболизмот и целокупното здравјте, а притоа не придонесува за зголемување на телесните масти.
Истражувањето на спроведено на млади активни жени во своите 20ти години – консумирале урда 30 до 60 минути пред да си легнат. Истражувачите сакале да дознаат дали оваа храна може да има влијание на метаболизмот и обновување на мускулите. Ова е една од првите студии за исхрана каде учесниците консумираат вистинска храна, наспроти протеински шејк или некоја форма на додаток.
Ова е важно затоа што покажува дека вистинската храна работи исто како и протеинските суплементи, и им дава на луѓето опции за исхрана пред спиење која оди подалеку од прав и шејкер шишиња.
Иако не може да се генерализира за целата храна, бидејќи истражувањето е направено само со урда, се надеваат дека ова ќе ја отвори вратата за идни студии што го прават токму тоа.