Обожаватели сте на пикантниот вкус? Тогаш, без двоумење, во оброците вклучете ги лутите пиперки. Освен тоа што ќе ви го вжештат јазикот и непцето и дополнително ќе ви го отворат апетитот поради лутиот вкус, се чини дека лутите пиперки имаат многу бенефити и за здравјето на човекот.
За тоа колку се корисни за здравјето, објаснуваат повеќе медицински истражувања според кои лутите пиперки помагаат при намалување на чувството на болка. Тоа се должи на Капсаицинот, состојка во лутата пиперка која и’ го дава препознатливиот пикантен вкус и во исто време ги дестабилизира рецепторите за болка.
Но тоа не е се’. Лутата пиперка помага исто така при проблеми со дигестијата, при кардиоваскуларни болести и според неодамнешните истражувања, овие пиперки содржат и анти-канцерогени состојки.
Во Кина и Индија овој пикантен зеленчук се користи како природен лек против депресијата.
Лутата пиперка е вистински и неверојатен еликсир на здравјето, а исто така и на убавината, бидејќи е нискокалорична и изобилува со вода, витамини и минерали со што ни помага да ја одржуваме нашата линија. Лутите пиперки помагаат и при опаѓањето на коса и отстранувањето на вишок целулит.
Што чекате? Вашиот следен оброк нека биде пикантен…и здрав!