Занимливости
Мали совети

Неколку корисни совети за справување во ситуации од секојдневието

 

  • Непријатниот мирис на чевлите или на патиките ќе го отстраните, или барем ќе го намалите ако одвнатре ги пребришете со крпа натопена во благ раствор од хиперманган или ако преку ноќ во обувките оставите издробена мајчина душичка.
  • За да ги отстраните непријатните миризби од ладилникот, откако ќе го одмрзнете ставете сад со жежок испржен шеќер. Затворете го ладилникот и оставете го садот да стои 2-3 часа. Потоа ладилникот измијте го на вообичаен начин.
  • Темните дамки од алуминиумските садови може да ги отстраните и да им дадете поубав сјај ако ги истриете со оцет од скиселен зеленчук.
  • Пепелта што ќе остане во скарата по печење месо со дрвен ќумур е одлично ѓубре за бавча.
  • Прозорците и огледалата ќе ги измиете полесно, а ќе имаат и поубав сјај, ако ги измиете со добро посолена вода.
  • Непријатниот мирис од риба од рацете ќе го отстраните ако добро ги истриете со сол, а потоа ги измиете со студена вода.
  • Слоевите од варовник во стаклениот бокал најлесно ќе ги отстраните со триење со остар сунѓер натопен во мешавина од сол и оцет.
  • Изматената белка е одлично средство за чистење кожнени чанти и чевли, на кои им дава убав сјај.
  • Кромидот ќе ги исечкате без солзи ако го исчистите, го завиткате во фолија и го ставите во фрижидер час или два.
  • Лошиот мирис од кујната отстранете го со тоа што на топол шпорет ќе ставите наводенето гранче рузмарин.
  • За полесно да се ослободите од досадните муви, во вазна ставете листови свеж шумски папрат. Мувите бегаат бидеќи не го поднесуваат мирисот.
  • Доколку во моментот немате дезодоранс, или ви е скап, сварете силен чај од нане и со памук натопен во чајот истријте го делот под пазувите.
  • Женските чорапи ќе траат подолго ако ги перете по секое носење, а во водата за плакнење ставите коцка шеќер.
  • Доколку при пробување на некое врело јадење го изгорите јазикот, напијте се малку разреден оцет, тоа ќе ви ја ублажи болката.
  • Пешкирите ќе бидат помеки и поубави ако пред перењето одредено време ги оставите во малку посолена вода.
  • Ако по сечкање лук или кромид вашите прсти мирисаат непријатно, истријте ги со талог од кафе, а потоа измијте ги и мирисот ќе исчезне.
  • На жешкото кафе, веднаш по пржењето треба да му се тури малку шеќер, така по мелењето ќе има посилен и поубав мирис.
  • Рибата од рибник често мириса непријатно, на тиња. Овој мирис ќе се отстрани ако рибата ја чувате 1 час во вода во која сте додале оцет.
  • Начнатото пиво ќе може да го испиете по ден или два ако шишето добро го затворите и го ставите во ладилник, со отворот надолу.
  • Свежиот леб или колач полесно ќе го исечете ако ножот претходно го загреете.
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: