Занимливости
Меѓународен ден на жената: 5 работи кои треба да ги знаете

Среда 8 март е меѓународниот ден на жената, настан одржан во целиот свет за да се одбележи борбата за правата на жените.

 

Еве пет факти за овој ден:

 

1. Оригинално наречен меѓународен ден на работа на жените, прв пат беше прославен на 28-ми февруари 1909 година во Њујорк во знак на сеќавање на штрајкот во 1908 на унијата на текстилни работнички кога 15.000 работници, вклучувајќи и голем број на имигранти, маршираа низ долната источна страна на градот барајќи социјални и политички права.

 

2. Првиот меѓународен ден на жената се одржал во 1914 година, пет години по своето основање, на 8-ми март. Денот бил избран поради тоа што било недела, ден на кој поголемиот дел од жените нема да бидат на работа овозможувајќи им да учествуваат во маршеви и други настани, и оттогаш се прославува на тој датум.

 

3. Осми март е прогласен за меѓународен празник во Советскиот Сојуз во 1917 година, а главно се прославувал од страна на социјалистичкото движење и комунистичките земји, сè до неговото усвојување од страна на ОН во 1977 година. Уште од 1996 година, ОН традиционално одредува тема за секој меѓународен ден на жената. Темата оваа година е „Бидете храбри за промена”.

 

4. Според ОН, осми март е денот кога жените се признати за нивните достигнувања без дискриминации од било каков вид и без поделби од национална, етничка, јазична, културна, економска или политичка гледна точка. Овој ден е повод за потсетување на напорите и достигнувањата на жената во минатото, и уште поважно, претставува поттик да гледаме позитивно на потенцијалот и можностите на идните генерации на жени.

 

5. Осми март е прогласен за официјален празник за сите граѓани во повеќе земји, вклучувајќи ги Авганистан, Камбоџа, Монголија, Виетнам, Замбија и само за жените во земји како Кина, Мадагаскар и Непал.

 

10 феминистички цитати кои ќе ве инспирираат на меѓународниот ден на жената:

 

1. Katharine Hepburn: „Јас не живеев како жена. Јас живеев како маж. Само го правев она што сакав да го правам и направив доволно пари за да се издржувам, и не се плашам да се бидам сама.“

 

Katharine-2

 

2. Betty Friedan: „Ниту една жена не добива оргазам од светнување на кујнскиот под.“

 

a03-betty-friedan-06-cci-3_4

 

3. Emmeline Pankhurst: „Сакам да им кажам на оние кои мислат дека жените не можат да успеат, ние ја донесовме владата на Англија на оваа позиција, мора да се соочиме со оваа алтернатива: или жените треба да бидат убиени или треба да имаат право на глас.“

 

Emmeline-Pankhurst-sufragette-who-fought-for-the-right-for-women-to-vote

 

4. Nawal El Saadawi: Ми рекоа: „Ти си дивјак и опасна жена. Јас ја зборувам вистината. А вистината е дива и опасна.“

 

bdffc2_6786cc6d64f7465a89ad4f5341d3689a-mv2

 

5. Margaret Fuller: „Вулгарна грешка е дека љубов, љубовта за жената е целото нејзино постоење; таа е родена за вистината и љубовта во нивната универзална енергија.“

 

Marshall-Fuller-1200

 

6. Margaret Atwood: „Дали под феминистка се подразбира груба и непријатна личност што ќе ве застрела вас или оној што верува дека жените се човечки суштества. Јас мислам второспоменатото, па се согласувам.“

 

margaret

 

7. Aung San Suu Kyi: „Во општествата каде што мажите се навистина сигурни во нивните сопствени вредност, жените не само што се толерирани, туку и се вреднувани.“

 

aung_san_suu_kyi

 

8. Rebbecca West: „Не можам да го прецизирам терминот феминистка. Само знам дека луѓето можат да ме наречат феминистка секој пат кога ќе кажам што чувствувам и мислам што ме разликува од некој што дозволува другите да го газат.“

 

rebbecca

 

9. Naomi Wolf: „Општествената идеја за женското слабо тело не е опсесија за женската убавина, туку опсесија за женскaта послушност.”

 

Naomi Wolf at home in New York

 

10. Germaine Greer:  „Сите општества само со мажи се неуспешни. Општеството може да опстане само со еден маж, но ниту едно општество ќе опстане со недостаток на жени.”

 

Germaine-Greer

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: