Занимливости
Менување на навиките во исхраната

Навиките во исхраната се дел од нашиот секојдневен живот. Начинот на кој купуваме храна, готвиме, послужуваме оброци – сè тоа претставува дел од нашата личност и секојдневие. Меѓутоа често правиме погрешни избори и создаваме штетни навики во исхраната кои потоа е тешко одеднаш да се променат. Затоа, за отприлика шест недели може да успеете да се ослободите од лошите навики во исхраната и да имате поздрав и поквалитетен живот.

 

Прва недела

Првата недела е првиот чекор кон редовна исхрана со свежо овошје. Обидете се една недела без исклучок да внесувате секој ден по еден од следните видови овошје: јаболка, портокал, банана, праска, кајсија, крушка или друго сезонско овошје. Оваа недела секој ден јадете различен вид овошје за поголема разновидност во исхраната.

 

Втора недела

Секој ден консумирајте по едно парче црн интегрален леб наместо бел леб и продолжете секојдневно да јадете овошје како досега.

 

Трета недела

Третата недела секој ден, без исклучок, напијте се по две чаши млеко – за оброк, помеѓу оброци, навечер – и понатаму продолжувајќи со навиките од претходните две недели.

 

Четврта недела

Јадете секој ден свеж зеленчук, суров или во салата. Консумирајте морков или целер помеѓу оброците или за салата со ручекот или вечерата. Марула, краставица, домати, зелка – сè од набројаното претставува одличен избор на зеленчук кој треба да се обидете да го консумирате четвртата недела без исклучоци. Кога веќе ќе се навикнете, денот ќе ви биде неисполнет без свежиот зеленчук.

 

Петта недела

Секој ден по ручекот јадете една лажица слатко од овошје или овошје – сурово или во облик на компот, пекмез, желе и слично. Направете го овошјето и слаткото од овошје приоритет и заменете го со благите пити, колачи и теста.

 

Шеста недела

Оваа недела обидете се да избегнете секаков вид пржена храна. Наместо пржен омлет, сварете јајца и наместо пржено месо, консумирајте печено или варено месо. Почитувајте го ова правило цела недела и избегнувајте пржена храна. По шестиот ден, веќе целосно сте успеале да ги промените штетните навики во исхраната со што сигурно ќе изгледате и ќе се чувствувате многу подобро.

 

Секојдневното создавање здрави животни навики може да се примени и во други области. Обидете се една недела да спиете осум часа во текот на ноќта доколку се чувствувате дека тоа му е потребно на организмот. Доколку тоа Ви годи, лесно ќе успеете да ја задржите таа навика и да имате поквалитетен живот. Исто така пробајте да спиете со делумно отворен прозор без разлика на годишното време. Тоа, исто како и начинот на исхрана, би можело лесно да Ви пријде во навика и потоа да стане дел од секојдневието.

 

 

 

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: