Занимливости
Начинот на исхрана на хороскопските знаци

Овен (21 март – 19 април)

Владеечки елемент: Оган; Владеечка планета: Марс

Овошје: цитрон, лубеница

Зеленчук:  моркови, кромид, пиперки, ротквици, кромид

Билки и зачини: анасон, босилек, ловоров лист, црн бибер, кардамон, камилица, чили пипер, цикорија, цимет, каранфилче, коријандер, ким, кари, лук, ѓумбир, женшен, рен, јавор, сенф, морско оревче, нане, рузмарин, шафран, сусам, нане, мајчина душица, ванила

Луѓето во овој знак се храбри и полни со енергија, но немаат многу трпение. Повеќе преферираат оброк кој ќе биде готов за неколку минути во микробранова печка отколку да готват. Сакаат вкусна и зачинета храна и треба да консумираат киселкаста храна.

 

Бик (20 април –  20 мај)

Владеечки елемент: Земја; Владеечка планета: Венера

Овошје: јаболка, авокадо, банани, капини, цреши, боровинки, праски, круши, сливи, малини, јагоди

Зеленчук: грашак, спанаќ, домати

Зрна: јачмен, пченка, овес, ‘рж, пченица

Билки и зачини: босилек, црн пипер, чили пипер, ким, детелина, коријандер, ким, кари, копар, анасон, лук, ѓумбир, рен, нане, сенф, магдонос, нане, тамаринд, тарос

Биковите се многу вредни работници, но често се лутат за мали работи. Обожаваат вкусна храна и многу брзо им го привлекува вниманието. Склони се кон тоа да ја загорат храната и не прифаќаат критики за нивното готвење.

 

Близнаци (21 мај – 20 јуни)

Владеечки елемент: Воздух; Владеечка планета: Меркур

Овошје: кајсии, калинки

Зеленчук: грав, брокула, карфиол, целер

Ореви: бадеми, бразилски ореви, индиски ореви, ф’стаци

Билки и зачини: анасон, кардамон, камилица, цикорија, цимет, каранфилче, женшен, јавор, морско оревче, шафран, сусам, градинска мента, мајчина душица

Близнаците се многу брзи, вешти, полни со хумор и атрактивни. Кога станува збор за храна не пребираат многу и ќе прифатат сè што ќе им се послужи. Имаат силна самоконтрола, но во исто време без проблем ќе изедат шлаг директно од готварскиот шприц.

 

Рак  (21 јуни – 22 јули)
Владеечки елемент: Вода;  Владеечка планетата: Месечина

Овошје: кокос, грозје, лимон, папаја

Зеленчук: зелка, краставици, зелена салата, компири, репа

Билки и зачини: анасон, босилек, црн бибер, кардамон, чили пипер, детелина, каранфилче, коријандер, ким, кари, анасон, лук, ѓумбир, рен, кора од лимон, нане, сенф, морско оревче, магдонос, нане, градинска мента, мајчина душица, ванила

Раковите се тивки и искрени по природа. Сакаат домашно приготвена храна и често вклучуваат ориз и протеини во готвењето. Често имаат грижа на совест доколку јадат во скап ресторан и потрошат многу пари или ако често јадат брза храна, па затоа преферират да јадат дома.

 

Лав (23 јули – 22 август)

Владеечки елемент: Оган; Владеечка планетата: Сонце

Овошје: лимета, портокали, ананас, мандарини

Зеленчук: бамја, маслинки

Ореви: семки од сончоглед, ореви

Зрна: ориз

Билки и зачини: анасон, босилек, црн пипер, чили пипер, каранфилче, коријандер, ким, кари, лук, ѓумбир, рен, јавор, нане, сенф, морско оревче, пеперминт, мудрец, градинска мента, тамаринд, тарос

Лавовите се многу енергични по природа. Се осмелуваат и обожаваат да пробуваат нови јадења особено ако се импресивно пикантни. Сакаат да смислуваат нови и необични јадења како мешање на повеќе видови газирани пијалаци и макнување на помфритот во милкшејк.

 

Девица (22 август – 22 септември)

Владеечки елемент: Земја; Владеечка планета: Меркур

Овошје: кајсии, калинки

Зеленчук: грав, брокула, карфиол, целер

Ореви: бадеми, бразилски ореви, индиски ореви, ф’стаци

Билки и зачини: ловоров лист, кардамон, камилица, цикорија, цимет, женшен, рузмарин, шафран, сусам, градинска мента, мајчина душица, ванила

Знакот девица симболизира интелигентност. Луѓето во овој знак многу се пребирливи околу изборот на храна. Ова не значи дека не сакаат брза храна, туку дека поверојатно е секој пат да го нарачуваат истиот оброк, а многу ретко е дека ќе се одлучат да пробаат нешто ново.

 

Вага (23 септември – 22 октомври)

Владеечки елемент: Воздух; Владеечка планетата: Венера

Овошје: јаболко, авокадо, банани, капини, цреши, боровинки, праски, круши, сливи, малини, јагоди

Зеленчук: грашак, спанаќ, домати

Зачини: ким, каранфилче, копар, нане, морско оревче, кора од лимон и лимета, магдонос, нане, жалфија

Вагите се уредни и чисти личности кои ги следат најновите модни трендови. Така и со исхраната – најчесто тие се првите што се информирани за новоотворениот јапонски или мексикански ресторан во градот.  Луѓето родени во овој знак се трудат да држат баланс во исхраната, но често им се случува да западнат во криза за храна.

 

Шкорпија (23 октомври – 21 ноември)

Владеечки елемент: Вода; Владеечка планетата: Марс

Овошје: лубеница, цитрон

Зеленчук: морков, кромид, пиперка, тиква, ротквица

Зачини: анасон, босилек, ловоров лист, кардамон, камилица, цикорија, цимет, рендана кора од лимон, јавор, морско оревче, мајчиина душичка, ванила

Шкорпиите ги сакаат едноставните и рутинските работи. Тие имаат навика да пазарат еднаш во месецот и  најчесто би купиле брза храна и слатки отколку здрава храна.

 

Стрелец (22 ноември – 21 декември)

Владеечки елемент: Оган; Владеечка планетата: Јупитер

Овошје: манго, урми, смокви

Зеленчук: артичока, кељ, прокељ

Зачини: шафран, нане, рузмарин, магдонос, сусам, ловоров лист, камилица, ким, босилек, бибер, ѓумбир, кари, цимет

Стрелците се стремат кон прогрес. Тие почесто си дозволуваат да јадат многу благо, но следниот ден вежбаат за да надокнадат. Се трудат да ја намалат грижата на совест со редовното вежбање и трошење на калориите.

 

Јарец (22 декември – 20 јануари)

Владеечки елемент: Земја; Владеечка планетата: Сатурн

Овошје: лубеница, диња

Зеленчук: цвекло, модар патлиџан, тиквички

Зачини: анасон, босилек, црн пипер, цикорија, цимет, каранфилче, анасон, лук во прав, рузмарин, жалфија, магдонос, мајчина душичка

Јарците, во принцип, се многу одговорни личности меѓутоа кога се работи за начинот на исхрана, не се грижат премногу. Луѓето родени во овој знак јадат најмалку по три оброци на ден, но понекогаш ако се презафатени и ако прескокнат оброк, потоа го надокнадуваат со многу ужинки, десерти и грицки. Јарците се стремат кон трендовите на брзата храна и не сакаат да готват.

 

Водолија (20 јануари – 18 февруари)

Владеечки елемент: Воздух; Владеечка планетата: Сатурн

Овошје: диња, дуња

Зеленчук: цвекло, модар патлиџан, тиквички

Зачини: кардамон, ким, копар, рендана кора од лимон, мајчина душичка, нане, магдонос, темјан, ванила, ментол

Водолиите најчесто се несигурни кога се работи за начинот на исхрана. Тие лесно добиваат тегоби или мачнини во стомакот по јадењето на специфична храна. Родените во овој знак, најчесто поради грижа на совест, се стремат кон здрава исхрана, но кога се под стрес завршуваат јадејќи брза храна и разни благи оброци и десерти.

 

Риби (20 февруари  –  20 март)

Владеечки елемент: Вода; Владеечка планетата: Јупитер

Овошје: урми, смоква, манго

Зеленчук: артичока, кељ, прокељ

Зачини: босилек, бибер, црвен пипер, коријандер, кари, ѓумбир, рендана кора од лимон, ким, естрагон (тарос)

Рибите се стремат кон перфекционизам. Луѓето родени во овој знак се трудат да ги избегнат рутините, така што ретко јадат исти оброци два дена по ред или пак ретко ќе ги најдете како одат во истиот ресторан неколку пати во неделата. Тие сакаат да пробуваат нови јадења, различни од традиционалната храна од каде што потекнуваат.

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: