Занимливости
Најдобра домашна маска за затегнување на лицето – природен ботокс

Ако на вашето лице забележувате нови брчки и трагови од умор, ви предлагаме да ја испробате оваа одлична маска. Покрај тоа што е економична и едноставна, оваа маска е потполно природна, а ја затегнува кожата скоро како контроверзниот ботокс.

 

Ова е одличен третман ако салате да се подготвите за некој изненаден состанок, вечерно излегување или прослава, бидејќи ефектите на маската се моментални – се забележуваат веќе по првата употреба!

 

Најдобра домашна маска за затегнување на лицето – рецепт

 

Состојки:

 

– 1 лажица густин

– 5 лажици свежо исцеден сок од морков (ако немате соковник, измиксирајте ги исечканите моркови во блендер и сокот процедете го низ цедилка)

– 1 лажица кисела павлака

 

Како да ја припремите маската:

 

Растворете го густинот во половина чаша ладна вода. Префрлете го растворениот густин во тенџере и додајте му 100 мл зовриена вода. Ставете на рингла и варете ја течноста на умерен оган додека се згусне. Потоа, откако смесата малку ќе се олади, додајте го свежо исцедениот сок од морков и киселата павлака. Добро промешајте и ставете ја на чисто лице да стои 25-30 минути (ако можете, најдобро е да направите пилинг на лицето пред да ја ставите маската). Маската измијте ја со топла вода и потоа намачкајте го лицето со кремата која ја користите. Останатата маска ставете ја во фрижидер.
За најдобри резултати, маската ставајте ја 3 дена по ред.

 

Оваа маска ја хидратира кожата, ги отстранива знаците на умор и брчките, кожата станува затегната, еластична и мазна.

 

Густинот или скробот е најчеста состојка на маските за лице поради своите одлични апсорбирачки особини, односно ја задржува влагата.

 

Богати со бета каротен, морковите се природен извор на витамин А кои има бројни предности за нашата кожа:

  • Природен anti age фактор
  • Помага во одржување на влагата на кожата
  • Ги лечи акните – помага да зараснат раните
  • Антисептичко својство – го засилува имунолошкиот состав и спречува инфекции

 

Киселата павлака, како и сите ферментирани млечни производи, содржи млечна киселина која е клучна за убавината и здравјето на кожата. Тоа е поради тоа што и помага на кожата да ја задржи влагата, природно прави пилинг и го поттикнува поризводството на колаген. Млечната киселина се користи во многу козметички препарати за нега. Активната состојка во киселата павлака – млечната киселина – е вид алфа хидроксилна киселина која ги отстранува мртвите клетки на кожата и го поттикнува производството на нови, млади клетки кои ги намалуваат брчките. Но, како и сите алфа хидроксилни агенти, можат да ја зголемат осетливоста на кожата на сонце, па внимавајте да не бидете изложени на сонце после третманот.

 

 

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: