Занимливости
Домашен пилинг за отстранување старечки пеги

Старечките пеги (lentigo senilis или lentigo solaris) наликуваат како пигментни флеки на кожата. Старечките пеги се мали, затемнети флеки на кожата (со светлокафена до црна боја) што обично се појавуваат на дланките, лицето и деколтето или на други области кои се често изложени на сонце.

Пегите најчесто се појавуваат на деловите на кожата што најмногу се изложени на сонце како дланките, лицето, подлактиците, челото и рамената.

 

Рацете се посебно погодени од оваа појава, меѓутоа овој пилинг може многу да помогне бидејќи ефективно го отстранува горниот слој на мртви клетки на епидермисот кој е заслужен за пигментациските промени.

 

 

Состојки:

 

½ чаша кафеав ориз

1 лажица агаве сируп

1 лажица сок од лимон

 

Упатство:

 

Сомелете го оризот во прав. Помешајте го заедно со горенаведените состојки и добро измешајте. Нанесете ја смесата на суви раце и масирајте со кружни движења и нежен притисок околу 2 минути. Измијте ги рацете и нанесете ја вашата крема за раце. Правете го овој пилинг редовно, најмногу еднаш неделно.

 

 

Зошто ова делува?

 

Оризот има смирувачи ефект на кожата, одлично средство е за пилинг, поседува антиоксиданси.

Агаве нектарот има голема хидратантна моќ, одличен пилинг е бидејќи содржи природни шеќери кои ја чистат вашата кожа и ѝ помагаат да остане хидрирана.

За лимонот се тврди дека е како гума која ги брише пегите кои се појавуваат во староста. Лимонот помага кожата да осветли и ги отстранува мртвите клетки. Содржи алфа-хидроксилна киселина, лимонска киселина, витамин Ц и има антибактериско својство. Со текот на времето лимонот ја намалува хиперпигментацијата поради своите одлчини обелувачки својства. Исто така е благ природен пилинг.

 

Пробајте!

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: