Занимливости
Намирници за подобрување на видот

Како може да го подобрите здравјето на очите? Како што постојат видови храна за превенција на разни болести, така постојат намирници што ја помагаат и подобруваат функцијата на телото и на сетилата. Според неколку истражувања на светските нутриционисти, витамините, особено витаминот Ц е добар сојузник на здравиот вид.

 

Витамин Ц за видот: каде може да го најдете?

 

01

 

Витамини кои се погодни за видот се витаминот А, Д и особено витамин Ц. Во принцип, витаминот Ц влијае на здравјето на очите благодарение на своите антиоксидантски својства, со што ги неутрализира слободните радикали и нè штити од некои очни дегенеративни патологии, како глауком, макуларна дегенерација и катаракта, кои можат да се развијат како што старееме.

 

Витаминот Ц може да го најдете во:

– агруми (мандарина, портокал, лимон и грејпфрут)

– домати

– киви

– ананас

– шумско овошје

– брокула

– грашак

– грав

– карфиол

– репка

– листест зеленчук (спанаќ)

– магдонос

– пиперки

– шипинки

 

 

Зеленчук и овошје со жолта и портокалова боја

 

02

 

Овошјето и зеленчукот со жолта и портокалова боја, особено морковите, се одлични за тен и очи, благодарение на бета-каротенот, извор на храна за мрежницата.

 

 

Симптоми за недостаток на витамин Ц

 

03

 

Постојат неколку симптоми кои можат да помогнат да се разбере кога постои недостаток на витамин Ц. Поточно:

 

– крварење на непцата, отечени и болни
– халитоза
– болка и оток на коленото
– мускулна слабост
– психомоторен немир

 

Обидете се да внесувате повеќе витамини во секојдневната исхрана со кои ќе ги отстраните овие симптоми, а и значително ќе го подобрите здравјето на очите.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: