Занимливости
Направете домашен спреј за пеглање на алиштата без пегла

Како без пегла брзо да ја испеглате облеката: направете самите спреј за пеглање на алиштата. Ретко кој сака да пегла алишта. Освен тоа што оваа активност одзема многу време, понекогаш не е најбезбедна алтернатива и е доста мачна ако треба да ја практикувате во лето.

 

За наутро да не го трошите драгоценото време за совршен изглед на гардеробата, за вас имаме рецепт за спреј што прави чуда! За неколку минути може да ја испеглате облеката без пегла.

 

Овој начин е идеален за оние што наутро доцнат на работа поради непегланата кошула. Овој спреј не остава флеки, брзо се суши, а се подготвува за кратко време.

 

 

За подготовка на спрејот ви се потребни:

 

– 1 супена лажица омекнувач за алишта

– 1 супена лажица алкохолен оцет

– 400 мл дестилирана вода

– празен распрскувач

 

 

Припрема:

 

Сите состојки измешајте ги и ставете ги во распрскувачот. Измешајте. Вашиот спреј е спремен за употреба!

 

 

Како да го применувате:

 

Испрскајте ја течноста на изгужваниот дел од облеката. Потоа со рацете израмнете ја облеката и ставете ја на сушална неколку минути. Некое време облеката ќе биде мокра, но кога ќе се исуши ќе добие свеж изглед, без нерамнини.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: