Занимливости
Направете сами: домашен отстранувач на флеки

Рецептот е многу едноставен, а ќе направите неверојатно средство за секојдневна употреба. Бидејќи, сè што е генијално, всушност е многу едноставно и достапно.

 

Ова домашно средство ја отстранува скоро секоја флека, наместо скапите препарати за иста цел. Но, најважно е дека не содржи хемикалии што може да предизвикаат алергиски реакции на кожата на децата и возрасните.

 

Колку често сме во потрага по универзално средство за отстранување на флеки, незнаејќи дека може да го направиме сами дома.

 

Состојки:

 

  • 1 чаша врела (зовриена) вода
  • половина чаша сода бикарбона
  • половина чаша хидроген (3%)

 

Како да го направите:

 

Содата бикарбона прелијте ја со зовирената вода. Почекајте да се олади и содата целосно да се растопи, па додајте го хидрогенот. Промешајте и ставете ја смесата во распрскувач.

Вашиот отстранувач на флеки е готов!

 

Обидете се да ја отстраните флеката: обилно испрскајте на местото и оставете да дејствува неколку часа. Ако флеките се постари, натопете ја ткаенината во овој раствор и оставете ја преку ноќ.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: