За жал, појавата на брчки е неизбежна појава кај секоја жена. Со таа појава почнуваме жестоко да се бориме употребувајќи разни креми, методи и козметички третмани. Сепак, дури и најскапите препарати не гарантираат целосно отстранување на овие несовршености, особено поради тоа што кожата брзо се навикнува на купечките креми и не дава секогаш задоволителни резултати.
Ако имате време и желба да подготвите домашна крема самите, тогаш овој рецепт е одличен за вас. Оваа крема е идеално средство за нега на кожата: ја хидрира, го израмнува тенот, ги смалува видливите брчки и го забавува процесот на стареење на кожата.
Нејзината предност се природните состојки и целосната безбедност при употреба. Одговара на сите типови на кожа, а првите видливи резултати може да се појават и по 7 дена.
Оние што редовно ја негуваат кожата и се љубители на природни креми ќе го обожаваат овој едноставен и неверојатен рецепт.
Состојки:
1 супена лажица бадемово масло или маслиново масло
1 жолчка од јајце
1 кафена лажица мед
2 супени лажици аптекарски вазелин
Подготовка:
Вазелинот растопете го на пареа. Ќе ви бидат потребни неколку минути. Потоа тргнете го од оган и измешајте ги останатите состојки: медот, маслото и жолчката. Сите состојки добро мешајте ги неколку минути додека да добиете хомогена смеса. Префрлете ја во старо пакување за крема – доволно ќе биде пакување од 50 мл.
Кремата нанесете ја на чиста и сува кожа, масирајќи ја со бавни кружни движења. Извадете ја маската од лицето со помош на топка памук натопена во минерална вода или со влажна марамица за лице.
Напомена: кремата треба да се остави да упие на лицето подолго од 1 час, така што најдобро е да ја нанесете 2 часа пред спиење. Чувајте ја во фрижидер, а откако ќе се потроши ако сте задоволни направете нова. Бидејќи сите состојки се природни, не правете дупла доза од кремата веднаш бидејќи има можност да се расипе.