Занимливости
Народни – природни лекови за синуси

Запалението на синуси пропратено со затнат нос и тешко дишење, како и главоболки, може да биде многу иритантно. Доколку сакате на природен и здрав начин да се ослободите од овие непријатни нуспојави и да го зајакнете имунитетот, направете сами природни средства за одзатнување на синусите.

 

Еве неколку ефикасни природни лекови за воспалени синуси кои можете да ги направите сами во удобноста на вашиот дом:

 

  • Потребно ви е:

-1 мала шоја мед

-1 мала шолја сок од лимон

-5 до 7 главици ротквици

-1 мала главица црвен кромид

-6 чешниња бел лук

 

Припрема: Зеленчукот добро измијте го, белиот лук и кромидот исчистете ги и исечете ги на четвртини. Сите состојки заедно ставете ги во блендер и добро измиксирајте за да добиете хомогена смеса. Смесата чувајте ја во фрижидер.

 

Употреба: За возрасни се препорачува 2 лажици дневно (или повеќе по потреба). За деца е доволно 1 лажица дневно. Првите реакции на рецептот ќе ги почувствувате по 24 часа.

 

Врелиот сок од домати е, исто така, одличен домашен лек за запушени синуси. Сварете една чаша доматен сок со една супена лажица ситно сечкан бел лук, половина супена лажица чили сос, една супена лажица лимонов сок и малку сол.

 

 

Превентива за запаление на синуси:

 

-Престојувајте во пријатно загреан простор, немојте да работите и да спиете во влажни простории.

-Во простории со централно греење може да ставите влажна крпа преку радијаторот бидејќи воздухот е сув.

-Потребно е да пиете повеќе течности за да секретот во носот биде влажен.

-Потрудете се да обезбедите постојан проток на слуз во носната шуплина. Туширајте се со топла вода и при тоа вдишувајте ја пареата за веднаш да осетите подобрување. Влагата ги отвара запушените дишни патишта и помага при воспалени синуси.

-Земете една кафена лажица обична сол и помешајте ја со 2 чаши топла вода. Со помош на шприц ставете од овој раствор во носот со главата наведната назад. Кога растворот ќе дојде до вашите синуси ќе осетите олеснување и попуштање во синусите.

-Исечкајте црн лук на ситни парчиња, ставете го во чинија и доближете го до носот за да ги мирисате исечканите парчиња. Консумирањето на свеж, црн лук може да ви помогне во лечење на запушените синуси.

-Зовријте околу половина литар вода со неколку капки масло од оригано и инхалирајте се. При тоа најдобро е да ја покриете главата со пешкир за да вдишете што повеќе пареа. Органското масло од оригано е моќен лек за инфекции на синусите поради своето антибиотиско дејство.

-Бидејќи инфекцијата на синусите е предизвикана од воспалената слузокожа на носот, куркумата како зачин може да ви помогне бидејќи поседува антиинфламаторни својства. Нејзината активна состојка позната како куркумин помага бидејќи ги грее синусните шуплини и ги чисти дишните патишта.

-Зачинетата храна може да ви помогне бидејќи го подобрува протокот на слуз низ дишните патишта.

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: