Занимливости
Наскоро ќе пиеме вода од овие чудни меурчиња?

Од сите изуми што може да се замислат во иднината, постојат веројатно многу малку луѓе кои ќе ги стават овие „меурчиња од вода“ на врвот на нивната листа. А сепак, тоа е токму тоа што ќе постои во иднината, бидејќи еден тим на научници, инженери и дизајнери создадоа систем за пакување на водата кој е неверојатно еколошки. И ако некогаш сте помислиле: „колку сакам вода што би сакал да ја џвакам“, тогаш имаме нешто да ви соопштиме – прво, многу сте чудни, второ, честитки! Вашите соништа за џвакање на водата конечно се остварија.

 

Изумот се нарекува Ooho! и е создаден од тимот Skipping Rocks Lab од Лондон, кој се занимава со елиминирање на сите отпадоци поврзани со шишиња вода и креира еколошки пакувања. Ooho! освен што го намалува загадувањето на околината со отпадоци и депонии од празни шишиња од вода, овој изум е целосно сварлив и биоразградлив, овозможувајќи ви да уживате во водата без да се грижите каде ќе го фрлите празното шише откако ќе ја испиете.

 

 

 

Меурчињата се направени од алги, и додека нивниот најимпресивен квалитет е фактот дека со нив може да се елиминира голем дел од отпадот, исто така е импресивно тоа што на мембраната може да и се додаде боја и вкус. Тоа е кул, но она што е уште покул, Design Boom вели, дека Ooho! всушност може да има огромно влијание, особено кога станува збор за спортски настани и маратони, каде што стотици илјадници шишиња се делат и потоа се оставаат како отпад на страната на патот. И додека сè уште не се во продажба, нема да биде за чудо од кога меурчињата ќе бидат пуштени на пазарот, некој да најде начин да ги наполни со алкохол, креирајќи преносни коктели кои ќе ги елиминираат кристалите.

 

Веројатно ќе биде потребно време за да се навикнеме на јадење вода – веќе може да се замисли како луѓето ги загризуваат меурчињата на погрешен начин и целата вода ја истураат на себе – но ако го елиминираат отпадот додека нè држат хирирани, сите би ги прифатиле.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: