Занимливости
Недостатокот на јод – намалена функција на тироидната жлезда

Како се исхрануваме, како живееме и колку вода пиеме одредува колку јод внесуваме во организмот. А што ако е недоволно?

 

Јодот му е потребен на нашиот организам и тоа буквално на секоја клетка во него. Во медицината се користи долго поради своите антибактериски, антипаразитски, антигабични и антивирусни својства. Во 19 век дури го нарекувале универзален лек и го користеле за тешки заболувања како тумор.

 

За жал, во денешно време недостатокот на јод е многу честа појава и достигнува огромни размери. Над него се издигнуваат токсините и разните прехрамбени адитиви.

 

Колку јод ни е потребен?

 

Препорачлива дневна количина јод за еден возрасен човек е 150 микрограми, додека за трудниците и доилките се препорачува зголемување на количината и до 50%.

 

Секако, ќе се запрашате дали претераниот внес на јод може да му наштети на организмот. Меѓутоа, здравиот организам го отфрла вишокот јод преку мокрача и пот.

 

Недостаток на јод во организмот – нерамнотежа на ендокриниот систем

 

Недоволно јод во организмот значително влијае на многу здравствени проблеми.

По истражувањата, медицинските лица заклучиле дека недостатокот на јод во организмот доведува до нерамнотежа на ендокриниот систем.

 

До хипотироидизам (намалена функција на тироидната жлезда) доаѓа кога телото нема доволно јод, кој е основен за изградба на тироидните хормони Т3 и Т4.

 

Што не треба да правите?

 

Ако страдате од недостаток на јод, тоа може да го поправите, па и да го излечите со внесување на јод во организмот.

Експертите советуваат дека консумирањето на тироидни хормони кога организмот нема доволно јод може да ја влоши ситуацијата бидејќи го забрзува метаболизмот.

 

Најголеми извори на јод

 

Со колку јод ќе го обезбедиме организмот зависи од храната и начинот на живот. Морската храна како морски плодови, риба или алги, исто така и водата се најголем извор на јод.

 

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: