Занимливости
Нега на коса за време на летото

Во летните месеци додека сте изложени на сонце и вода, косата е во директен однос со силните сончеви зраци, морска вода и ветар така што е потребна нејзина посебна нега и одржување.

 

Бојадисана коса

Косата е пожелно да се бојадисува пред да одите на одмор. Бидејќи директните сончеви зраци влијаат во осветлувањето на косата, ако решите да се фарбате пред да заминете на море, користете нијанса потемна боја од вообичаената.

 

Морската вода и косата

Морската вода не е штетна за косата – проблемот се сонцето и ветерот. За да ја заштитите косата од сонцето пожелно е да ставите мало количество масло за сончање на коренот од косата и убаво да ја исчеткате пред да се капете во вода. Така ќе добиете двојна заштита.

 

Опаѓање на коса

Ако забележите опаѓање на косата во текот на летото, не грижете се и подгответе го овој стар рецепт против опаѓање на косата: измешајте 10 лажици рум, 5 лажици маслиново масло, 1 жолчка и 1 лажица шеќер во прав. Смесата добро втријте ја во косата пред миење и оставете да отстои 2 часа, па измијте ја на вообичаен начин.

 

Сува коса

Се случува по долгото изложување на сонце и ветер косата да стане многу сува, иако коренот не е оштетен. Во тој случај немојте да ја бојадисувате косата – ќе направите двојна штета. Потхранете ја косата по миењето со заштитен крем и убаво измасирајте ја од коренот надолу. Повторувајте ја постапката сè додека косата не ги добие потребниот сјај и свежина.

 

Капа за пливање

Ако сакате да се капете без да ја оштетите косата користете капа за пливање. Така ќе се заштитите од штетните УВ зраци и ќе ја задржите свежината на косата во текот на летото.

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: