Занимливости
Неколку кулинарски вештини и совети

Како на најдобар начин да подготвите месо, риба и ориз, како правилно да го употребувате ножот за ситно сечкање и како да излупите зеленчук на најлесен начин. Ви претставуваме неколку вештини и совети што би можеле да Ви користат во кујната.

 

Како совршено да испечете месо – извадете го месото од фрижидер 30 минути на собна температура пред готвењето и избришете го со кујнска крпа. Додајте му масло, убаво зачинете го и оставете да отстои во чинија доволно долго за да впие од зачините, а дури по 15-20 минути ставете го на оган.

 

Како да подготвите риба на скара на најдобар начин – бидејќи рибата се лепи и распаѓа ако директно ја ставите врз загреаните решетки, најдобар начин да ја испечете на скара е врз парчиња лимон. Не само што рибата нема да се залепи, туку и поубаво ќе впие од соковите и ќе биде повкусна.

 

Како совршено да го зготвите оризот – ставете ја водата и оризот во сооднос 1: 1. Колку што има ориз во тенџерето, толку вода е потребно да ставите. За одлична подготовка, на оган ставете 1 чаша ориз со 1 чаша вода, прстофат сол и неколку капки лимонов сок за свежина и гответе 20-тина минути на умерена температура.

 

Како да добиете свеж зеленчук – за да им дадете живот и свежина на листовите зеленчук, ставете ги во голем сад со ладна вода и мраз и оставете го да отстојат 20-тина минути, а потоа пред употреба убаво исушете ги.

 

Како ситно да сечкате со нож на лесен начин – со едната дланка држете ја рачката, а со другата правете притисок врз остриот дел од ножот, не ја држете рачката со двете раце и не употребувајте ја само едната рака при сечкање.

 

Како да одредите кога јајцето е сварено – секогаш ставете го јајцето во зовриена вода, не започнувајте со варењето во ладна вода. Така може да одредите кога е ровко, а кога тврдоварено: по 3 минути добивате течна жолчка и послабо варено јајце. По 6 минути, белката е цврста, а жолчката сè уште е полутечна. Тврдосвареното јајце се добива по 9-12 минути од варењето во зовриена вода.

 

Како да излупите лук во три чекори – сплескај, треси и оддели! Ставете ги нелупените чешниња на работната површина и сплескајте ги силно со чинија, ставете ги во пластичен сад со капак и протресете ги и за крај, одделете им ја лушпата.

 

Како да оладите вино – само едноставно ставете му свежи плодови грозје или друго овошје на виното на собна температура.

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: