Еве неколку невообичаени домашни лекови кои медицинските експерти ги оценуваат како ефективни и полезни:
При тврдоглаво икање решението е шеќер
Никако не можете да престанете да икате? Ставете в уста 1-2 лажички шеќер, советуваат експертите. Гранулите од шеќерот го стимулираат нервот кој предизвикува контракции на дијафрагмата.
Проблемот со миризливи нозе е решен со ракија
Натопете една крпа со ракија и со неа избришете ги нозете. Алкохолот од ракијата ја намалува влажноста која им овозможува на бактериите и габичките да растат и да се размножуваат.
Тениското топче е лек за уморните стапала
Високите потпетици честопати предизвикуваат болки во стапалата. Ако барате начин да ја ублажите болката во вашите уморни стапала, ставете тениско топче под стапалото и движете го стапалото напред-назад. Така ќе си подарите релаксирачка масажа.
Намалете ја болката од исеченица со каранфилче
Имате мала исеченица и сакате да го спречите евентуалното инфицирање? Поросете малку каранфилчиња во прав врз раната. Каранфилчињата имаат антисептичко дејство, а освен тоа и ја намалуваат болката.
Често познатиот проблем, мачнина при патување е решен со маслинки
Мачнината при патување е проследена со лачење на поголемо количество плунка, која може да предизвика вртоглавица и гадење. Маслинките содржат супстанции кои ја сушат устата и го спречуваат гадењето.