Urbhanize® и Зумба Голд се релативно нови денс фитнес програми кои за прв кај нас ги има во клубот Move it up.
Urbhanize® е најнова денс фитнес програма- комбинација од многу интересни танци! Вклучува чекори од хип хоп, стрит денс и танцот од Пакистанско-Индискиот фолк денс Бангра. Програмата е креирана во Јануари 2015 година, од страна на Денис и Тина Томсен, танчари и фитнес инструктори од Данска. Идејата на Urbhanize® е да се донесе нешто ново во фитнес индустријата, фанки музика и „кул став“. Ова е забава и вежбање во едно! За време на часот луѓето влегуваат во една еуфорична и среќна состојба, заборавајќи на се останато, одвлечени во еден посебен свет!
Структура на часот Концептот на Urbhanize® часот е направен на тој начин што часовите се многу лесни за следење. Нема потреба од претходно познавање на било кој од овие танци.Во секоја сесија чекорите се објаснуваат прогресивно, со доволно повторувања за на крајот од песната да се спојат во една мини кореографија.
Зумба Голд е зумба со понизок интензитет, наменета за почетници, постари лица кои сакаат да бидат активни и лица со послаба кондиција.
Повеќе информации околу овие денс фитнес програми можете да видите на официјалната фејсбук страна на клубот Move it up – https://www.facebook.com/Move-it-up-TCC-Grand-Plaza-1047862715287652/