Разубавете им ја новата година на децата од СОС детското село со нарачување на нивните честитки на овој линк:
http://sos.mk/prodazba-na-cestitki.nspx
и овозможете им родителска грижа, дом, и чувство на семејна сигурност и мајчинска љубов.
А доколку се чувстувате креативни, ви нудиме 10 идеи за прекрасни, рачно изработени, новогодишни честитки. Ви ветуваме голема забава додека се занимавате со изработката и насмевки на лицата на вашите најмили. Ние може да ви помогнеме да одберете каква честитка да направите и да ви покажеме како со неколку чекори може да ви успее. Среќни празници 🙂
За овие честитки ви се потребни: копчиња во бела, црвена и зелена боја со разни големини, парчиња хамер во три бои (за честитките), парченце хамер, налепници или хартија во црна, портокалова и зелена боја (за капата и носот на снешкото и за зелените лисја), тенка ткаенина во црвена боја за венецот од копчиња и секако лепак за да ги залепите копчињата и додатоците на хамерот.
За оваа едноставна честитка ви се потребни маркери во црвена, црна и кафена боја – толку! Обојте ги палците со боја, стиснете на честитката, почекајте да се исуши кратко и потоа декорирајте.
Дали низ дома ви се наоѓаат копчиња во боја кои убаво изгледаат, а никако да ги искористите? Имаме добри вести за вас! Може да направите едноставна, а сепак убава честитка од тие копчиња со тоа што ќе ги залепите на убава хартија и ќе ги декорирате со фломастер.
3Д честитка – колку одлично звучи тоа! Потребен ви е еден лист со висина 14 сантиметри. Преклопете го на половина.
Со молив напишете ги димензиите (како на сликата). Првиот квадрат е со димензии 2х2 см, тој во средина е 3х3 см и последниот е 4х4 см. Помеѓу нив треба да има простор од половина сантиметар. Сега кога ги направивте мерките, исечете ја честитката и потоа украсете ги „пакетите“ што ќе излезат од неа.
Оваа честитка е доста едноставна, потребен ви е конец во зелена боја за да ја направите елката и кончиња во разна боја за лампионите.
За оваа честитка ќе ви биде потребно стапче од сладолед, зелена трака, стикер ѕвезда, лепак и лист од блок или хамер која големина сакате. Свиткајте го листот на пола, на едната страна залепете го стапчето во средината. Зелената трака залепете ја врз стапчето како на сликата и над стапчето ставете го стикерот.
Потребно ќе ви биде: зелени сламки, копче, лепак и хамер. Хамерот исечете го која димензија сакате, свиткајте го на пола и на корицата почнете со лепење на сламките кои ги имате исечено од помало кон поголемо (погледнете слика). Најгоре залепете го копчето и честитката е готова.
Потребен материјал: шарени кошнички за колачиња, стикер ѕвезда, кафеаво платно, хамер, лепак. Хамерот исечете го во ваши димензии и свиткајте го на половина. Рамката на корицата декорирајте ја по желба, а за елката, кошничките за колачиња исечете ги на различни големини и лепете ги едно врз друго со тоа што најмалото ќе биде најгоре за да личи на елка (види слика), најгоре ставете го ѕвезда стикерот, а платното исечете го четвртасто и залепете го под елката.
Подготовката на оваа честитка ќе ви донесе многу забава, а ќе ја имате најуникатната честитка. Потребно ќе ви биде кафена темперна боја која ќе ја разредита со малку вода. Ставете ја бојата во легенче, стапнете во неа со боса нога и направете печат на честитката. Залепете очиња кои можете да ги најдете во Џамбо или пак нацртајте ги. Ќе ви треба и некакво црвено топче кое ќе го залепите како нос и некој материјал за да ги направите роговите на ирвасот.
Земете три шарени салфетки и исечете 3 кругови со различна големина. Залепете ги на честитката и со фломастер нацртајте го конецот на лампионите. Напишете ја вашата порака и честитката е готова за 5 минути.