Занимливости
Новогодишни украси и подароци

Ако ви е здосадено секоја година да купувате нови новогодишни декорации и обични, очигледни поклони на вашите најблиски, тогаш морате да пробате да ги направите овие едноставни поклони и декорации. Секој мал детал што ќе го внесете во домот од овој период од годината, ја прави потопла и попразнична просторијата. Овие слатки и креативни идеи можете да ги направите самите, а ќе ви заштедат и многу пари.

 

33-diy-mason-jar-ideas-tutorials-for-holiday

 

За оваа декорација ќе ви треба тегла, новогодишен украс, супер лепак или силиконски лепак, вода и светки. Украсот залепете го на капакот од теглата. Теглата наполнете ја со вода, ставете ги светките и затворете ја теглата.

 

41-diy-christmas-lights-decoration-ideas-homebnc

 

Ќе ви бидат потребни дрвца, капак од кутија за чевли кој ќе го обложите со еднобојна хартија и сијалички. Залепете ги дрвцата на капакот како што се на сликата. На неколку места на капакот направете дупчиња за да можете да ги протнете сијаличките. Упалете ги сијаличките во струја и имате одлична декорација.

 

82925244

 

Ова е одличен новогодишен поклон за кој ќе ви бидат потребни еден стаклен сад, новогодишни лижавчиња, лепак, црвена машна и цвеќиња. Залепете ги лижавчињата на садот како на сликата. Околу нив врзете црвена панделка. Ставете вода во садот и свежи цвеќиња и изненадете некој посебен.

 

christmas-mason-jar-ideas

 

Уште еден интересен поклон. Ќе ви треба тегла, украси по желба и чоколади или бонбони. Декорирајте ја теглата по желба, наполнете ја со омилените слатки на личноста за која е поклонот, околу капакот врзете конче со порака.

 

7c0a964556b68d45f62604df12fbf71e

 

Ова е одличен поклон за помалите членови на семејството. Наместо новогодишно пакетче со чоколади, изненадете ги со санката на Дедо Мраз направена од нивните омилени слатки. Ќе ви требаат две новогодишни лижавчиња и врз нив наредете ги чоколадите. Потоа врзете машна за да ги прицврстите и поклонот е готов.

 

cookie_mix_jar_1

 

Овој поклон е одличен за оние пријатели кои ги мрзи за зготват нешто, но се големи љубители на слатките работи. Тоа што треба да го направите е да ги ставите сите суви состојки од нивниот омилен колач во тегла. Измерете точно колку е потребно од секоја состојка и ставете ги една врз друга како на сликата. На ливче напишете ги инструкциите за тоа што треба да додадат (млеко, јајца..) и колку треба да го печат колачот.

 

d22e77fe39f9f3d972dcd16038de5f8f

 

Едноставна декорација за вашата трпеза оваа нова година.

 

how-to-make-a-christmas-ornament-wreath-with-a-wire-hanger-christmas-decorations-crafts-how-to

 

Направете си сами венец за на врата. Единстевено што ќе ви биде потребно е една метална закачалка и лампиони. Следете ги чекорите на сликата.

 

simple-holiday-centerpiece-ideas-4-334x500

 

За овој декоративен свеќник ќе ви треба поголем стаклен сад, шишарки, бели камчиња и голема свеќа. Во садот прво ставете ги камчињата, потоа ставете ја свеќата во средина, а околу неа наредете ги шишарките.

 

mint-sugar-scrub

 

Уште еден креативен подарок за сите оние кои обожаваат да се грижат за својата кожа. Направте домашен скраб од ментол. Ќе ви биде потребно 1/2 чаша кокосово масло,  1 1/2 чаша шеќер, 1 лажичка екстракт од ментол и малку зелена боја за храна. Стопете го кокосовото масло и потоа додајте го шеќерот, екстрактот и бојата. Мешајте додека бојата е убаво измешана. Ако смесата е многу ретката додајте уште половина чаша шеќер и повторно промешајте. Ставете го скработ во тегличка и врзете машна.

 

5-9-630x630

Еве уште една едноставна и интересна идеја за домашна новогодишна елка. Изгледа многу убаво и празнично, а исто така, е лесна и забавна за правење!

Потребни материјали:

конус со димензии 7 см х 20 см;

ленти во две различни бои со дебелина до 1 см и должина од 5 и пол до 6 метри;

текстилна подлога за елката (може да биде подебел материјал);

иглички, шпенадли;

течен лепак и ножици

Најпрвин исечете и залепете ја кружната подлога на конусот со лепак. Употребете конус на кој ќе може да се закачат подоцна иглите. Почнете да ги сечете лентите на еднакви парчиња по 10 см. Секое парче свиткајте го на половина и прицврстете го на краевите со игла (како на сликата). Потоа боцнете ја иглата со лентата на површината на конусот (како на сликата). Започнете од доле, па се до врвот на конусот и редете ги ред една боја, па ред друга боја. Откако ќе ги наредите сите ленти на конусот, на врвот на елката залепете некој украс по желба (може да употребите украс од кеса за подароци).

 

6-8

Снешковци од дрво – одлична декорација што совршено ќе прилега покрај каминот или во дворот.

Потребни материјали:

Црвен, црн и портокалов материјал, трака (за шалот, очите, устата и носот на снешковците);

Течен лепак;

Тенки дрвца (за рацете на снешковците-може да ги најдете секаде во природа, шума, во двор);

Еден поголем трупец дрво (за телото) и еден потенок, помал (за капата);

Моторна пила

Исечете го големиот трупец на три дела и потоа исечете ги краевите од секој дел за да можат да се залепат лесно. Помалиот трупец исечете го во форма на капа. Сите делови залепете ги добро. Залепете ги и тенките дрвца. Исечете го портокаловиот материјал во триаголник и залепете го на снешкото, а црвената трака обвиткајте ја како шал. На крај формирајте ги очите и устата со останатиот материјал и залепете ги на дрвото.

 

12-8-630x354-1

Новогодишни елки од хартија

Најпрвин, отворете го следниот линк https://goo.gl/jjeNtq, испринтајте го листот и според тие мерки сечете ги хамерите. Може да купите хамери во различни бои по желба. Потоа според примерот, формирајте ги елките, залепете ги со течен лепак на краевите.

Откако ќе ги формирате конусите, потоа е лесно: на нив залепете копчиња, декорирајте ги со шарени маркери, со светки и со ленти. Искористете ја фантазијата.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: