Ако ви е здосадено секоја година да купувате нови новогодишни декорации, тогаш оваа година морате да пробате да ги направите овие едноставни украси. Секој мал детал што ќе го внесете во домот од овој период од годината, ја прави потопла и попразнична просторијата. Овие слатки и креативни идеи можете да ги направите самите, а ќе ви заштедат и многу пари.
1. Снегулки од дрвени стапчиња
Едноставно направете ја формата на снегулката која ја посакувате и залепете ги стапчињата. Обојте ги со златна или бела боја.
2. Украсни елки од лажици
Ќе ви треба картон или подебел лист со кој ќе формирате конус. Потоа доаѓа забавниот дел. Исечете ја дршката на пластичните лажици, обојте ги лажиците во која боја сакате. Предлагаме темно кафена или сива. Почекајте да се исушат и лепете ги од долу нагоре како на сликата.
3. Елка лампиони
Ќе ви бидат потребни стапчиња од сладолед или оние докторските стапчиња (можете да ги најдете во аптеките), гранчиња, конче и ѕвездички. Залепете ги гранчињата по големина на стапчето од сладолед. Потоа на нив залепете ги украсните ѕвезди и кончето, исто како на сликата. Почекајте да се исуши и имате готов лампион.
4. Снешко од аквариум за риби
За оваа декорација ќе ви требаат 3 округли аквариуми за риба со различни димензии. Најдоле стои најголемиот аквариум. Наполнете го со вештачки снег и ставете новогодишни декорации како елки на пример, човечиња, санки…Врз тој сад ставете го вториот по големина сад и исто како првиот, и во него ставете снег и украси како снешко, дедо мраз…Најгоре ставете го најмалиот сад и повторете ја постапката. Врз него ставете капа како за снешко и украсот е готов.
5. Венец од лижавчиња
Потребни ви се 18 новогодишни лижавчиња, декоративна снегулка и трака со која ќе го закачите венецот. Процедурата е прилично едноставна. Само залепете ги лижавчињата едно со друго како на сликата. Во средина залепете ја снегулката и врзете го венецот со траката.
6. Новогодишна слика
Декорација за која ви е потребна помош од вашите деца 🙂 Потребен ви е бел канвас за сликање, темперна боја и светки по желба. Ви ветуваме добра забава. 🙂
7. Снешко од чаши
Креативна декорација која можеби ќе ви одземе повеќе време, но завршниот резултат ќе се исплати. Ви требаат 400 пластични чаши, а постапката е објаснета во ова видео: https://www.youtube.com/watch?v=WIiv-5Sjsnc&feature=youtu.be