Ви откриваме неколку трикови со кои ќе ги обелите забите за нијанса до две а нема за тоа задоволство да платите 150 евра.
Сјајно бели заби и убава насмевка се сечија желба, но не сите можат да одвојат 150 евра колку што чини професионален третман за обелување. Иако многу стоматолози тврдат дека професионалното обелување на забите не е штетно, има совесни лекари кои признаваат дека таа процедура сепак носи некои ризици.
- Може да ја оштетат глеѓта и непцата
- После третманот забите се склони на потемнување. Само голтка црвено вино или кафе моментално ќе ги потемни забите.
Трик 1: Домашни пасти
– Паста од лимон и сода бикарбона
Ќе ви требаат неколку кафени лажички сода бикарбона, сок од лимон колку што е потребно за да се формира паста и четка за заби. Оставете ја пастата на заби 1 минута а потоа веднаш исплакнете. Не оставајте повеќе од 1 минута за киселината да не ја уништи глеѓта.
– Паста од јагода, сол и сода бикарбона
Ќе ви требаат 1-3 големи јагоди, прстофат морска сол, 1/2 кафена лажичка сода бикарбона. Згмечете ги јагодите и додајте ги солта и сода бикарбоната. Нанесете од пастата на забите и оставете да делува 5 минути, а потоа исплакнете. Правете го ова навечер.
– Плакнење со кокосово масло
Ќе би треба една супена лажица кокосово масло. Секое утро пред да ги миете забите, жабуркајте со кокосово масло 10-15 минути, потоа плукнете го, исплакнете ја устата и измијте ги забите со паста.
Трик 2: Мијте ги забите колку почесто можете
Кога имате прилика после јадење направете гаргара со вода. Помага остатоците од храна и пигментацијата веднаш да се измијат. Секогаш при рака имајте шише вода за плакнење на устата со флуор. Истовремено ќе ги исчистите забите и ќе го решите проблемот со здивот после јадење.
Трик 3: Јадете свежа храна
Колку што можете почесто јадете јаболки, круши, јагоди, целер или морков. Било кое сирово овошје или зеленчук кое предизвикува лачење плунка помага во уништување на бактериите и ја одржува белината на вашите заби.