Занимливости
Овошни маски за беспрекорна кожа во зима

Поголемиот дел од луѓето постојано се во потрага по креми, лосиони и третмани за да ја победат сувата и брчканата кожа во зима која сите ја имаме.

Повеќето од нас не знаат дека некои од најдобрите природни алфа хидрокси киселини се наоѓаат во зимските овошја и дека неверојатни, хранливи маски може да се направат со овошјата од вашата кошница! Повеќето овошја се богати со природни витамини и се одлични чистачи и негуватели на кожата во зима.

Дозволете ни да ве однесеме на патување во вашата овошна кошница.

 

Јаболка: Тие се одличен извор на природни витамини, особено ако имате светла и чувствителна кожа. Тие имаат адстрингентни и омекнувачки особини што помага да се задржи кожата еластична и хидрирана.

Испасирајте јаболко и измешајте го со 1 кафена лажица мед. Нанесете го на чиста кожа околу 10 минути. Оваа маска за лице ќе помогне вашата кожа да омекне, особено ако имате мрсна или комбинирана кожа и не може да ги користите тешките креми од кои многу често се нафрлате.

 

Банана: Тој е еден од најдобрите плодови за нега. Ова скромно овошје работи чуда на сува кожа и помага таа да се негува и затегне. Ги чисти и отвра порите оставајќи ја кожата да изгледа апсолутно беспрекорно.

Испасирајте една банана и измешајте ја со 1 кафена лажица овесна каша со малку полно маслено млеко, доволно за да се направи мазна паста.
Нанесете ја на чиста кожа и оставете ја околу 15 минути.
Треба да се измие прво со млеко, а потоа со вода.

 

Авокадо: Ова егзотично овошје е богато со витамини А, Е, Д и минерали (калиумот кој се наоѓа во ова овошје го прави одлично за негување на сува и оштетена кожа од сонцето).

Авокадото има природни хидратантни својства и е еден од најдобрите маски што може да ги направите за лицето. Со ова овошје, додадете ги следниве природни состојки: изблендирајте 1 авокадо со 1 лажица свежа павлака и 2 цветови од невен, па измешајте 1 лажичка мед.

Држете ја оваа маска на кожата за најмалку 15 минути и измијте ја со млака вода.

 

Калинки: Ова зимско овошје се користи со векови како природен, луксузен пилинг. Сокот од калинка кој го апсорбира кожата помага таа да биде млада и еластична. Би требало да ја користите оваа маска за мртвите клетки на кожата на лицето, а исто така против уморен зимски изглед наутро.

Извадете ги зрната од калинката и сомелете ги во блендер, додајте 10 бадеми и 2 лажички млеко во прав. Втријте ја смесата на кожата со нежни кружни движења. Измијте го лицето со млеко и потоа со вода и уживајте во меката „бебешка“ кожа.

 

Портокал: Портокалите се богати со витамин Ц и ја омекнуваат кожата. Тие се одлична маска за мртвите клетки на кожата. Со едноставно триење на кожата со кора од портокал или со смеса од мелена кора од портокал, млеко и мед, може да се направи природна, витаминска маска за нега и чистење на кожата.

Може да го направите и следниов трик: сварете ја кората од портокал во минерална вода и додајте ги лисјата од овошјето. Оваа маска може да се чува во шише во фрижидер до десет дена. Не заборавајте дека портокалите се богати со витамин Ц и може да помогнат и во зајакнувањето на имунолошкиот систем, па, затоа јадете ги во изобилство.

 

Папаја: Ја има во текот на годината, а е одлично овошје со големи дигестивни квалитети. Папајата има омекнувачки својства и кога е подготвена како пире со 2 коцки од ананас и 1 кафена лажица глицерин, помага за омекнување на болни кутикули. Секој ден, макнете ги прстите во мал сад во кој стои пирето од овие сосотојки и седете така 5 минути. Кутикулите ќе ви станат меки и болката ќе исчезне. 4-5 парчиња од папаја испасирана, масирајте ја секојдневно на лице. Ја чисти кожата од црвените осипи од акните и ја хидрира кожата. Ви препорачуваме да измешате и 1 кафена лажица свежа павлака бидејќи ги смирува изгорениците и ја обновува сувата кожа.

 

Совет плус: во зимските денови, освен маски со овие овошја, правете и сокови и јадете ги сурови. Освен што ќе и’ дадете природен сјај на кожата и ќе ја одржите блескава, вие ќе успеете да се изборите со сезонските грипови и настинки на здрав начин со вкусно овошје.

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: