Прочитајте го овој рецепт за пиво кое е многу здраво и се препорачува да се консумира повремено за подобрување на здравјето. Може да помогне при лекување на артритис, проблеми со желудник, намалување на нивото на лошиот холестерол како и шеќер во крвта.
Ѓумбирот како лек
Холистичката медицина традиционално користи ѓумбир за лечење на многу здравствени проблеми како што се болести на желудникот и артритис. Пивото од ѓумбир може да го подготвите дома од свеж или сушен ѓумбир, малку шеќер и лимонов сок.
Дали ѓумбирот може да помогне при намалување на болка и запаление? Ѓумбирот има многу здравствени придобивки, а докажано е дека има смирувачко дејство кога станува збор за болки во мускулите и грбот.
Многу клинички студии и истражувања покажале дека ѓумбирот може да им помогне на луѓето што страдаат од дегеративен и ревматоиден артитис.
Потребни состојки:
-200 грама излупен и ситно исечкан ѓумбир
-450 милилитри филтрирана вода
-120 милилитри минерална вода
-200 грама шеќер
-неколку капки сок од лимета + парчиња лимон
-малку природен мед
Подготовка:
Ставете ја филтрираната вода во лонец и ставете го лонецот на рингла да зоврие. Откако водата ќе почне да врие, додајте го ѓумбирот. Намалете го оганот и варете уште 5 минути. Потоа оставете ја смесата да отстои 20-тина минути. Процедете ја течноста.
Шеќерот стопете го со 1 чаша филтрирана вода и сварете ја водата.
Измешајте половина од сокот од ѓумбир со 1/3 чаша од сирупот од шеќер и со половина чаша минерална вода. Додајте малку мед и сок од лимета. Украсете со парчиња лимон.
Здравствени придобивки на пивото од ѓумбир
Ѓумбирот е многу корисен за смирување на желудачни тегоби. Исто така може да ја подобри работата на дигестивниот систем. Помага во смалување на нивото на лошиот холестерол и шеќерот во крвта. Пивото од ѓумбир може да ги намали симптомите на настинка и грип, а е корисен и за спречување на рак и подобрување на циркулацијата на крвта.