Занимливости
Правилна исхрана за подобар тен

Еднo од најголемите задоволства во летниот период кога има убави и сончеви денови во изобилство е потемнувањето. Да лежите на плажа, да ги испружите нозете и да ги впивате сончевите зраци, а како резултат да добиете атрактивен бронзен тен – никој не сака светла кожа во јули! Меѓутоа со сончањето следи и правилен начин на исхрана. Погледнете ги видовите овошје и зеленчук кои е пожелно да се консумираат во летниот период за подобро потемнување.

 

Моркови

Морковите содржат голем процент на бета-каротин како потребна состојка за потемнување. Бета-каротинот ја штити кожата од влијанието на штетните зраци од сонцето и е важна состојка за пигментот.

 

Црвена зелка

Црвената зелка како и морковот го содржи бета-каротинот а исто така и изобилува со витамин А како комбинација од потребни состојки за кожата.

 

Кајсија

Кајсијата е едно од овошјата кое е многу погодно за потемнување на кожата. Поради портокаловата боја и големиот процент на бета-каротин, кајсијата претставува овошје погодно за летното изложување на сонце.

 

Диња

Исто како и кајсијата, дињата го поседува својот изглед поради присуството на бета-каротинот. Дињата не содржи многу каротини како морковот, меѓутоа како летно овошје може да се искомбинира со кајсија или друго овошје богато со бета-каротин за добивање на соодветен тен.

 

Праска

Праската е богата со витамин Ц и има антиоксидантски својства кои помагаат против стареење на тенот, а со тоа помагаат за добивање подобра боја на кожата и потемнување.

 

Цреша

Богата со бета-каротини, но без портокалова боја: црешата – едно од највкусните летни овошја со голем процент на каротини во споредба со други видови овошје со црвена боја.

 

Целер

Целерот се користи најчесто како зачин и е богат со каротини во иста количина како и дињата. Се користи и како маска за кожа.

 

Пиперки и домати

Благодарение на многубројните антиоксиданси, пиперките и доматите се неопходни зеленчуци за сите што се изложуваат на сонце. Кај нас ги има во изобилство, а се одлични во летниот период за салати.

 

Марула

И на крај – марулата. Зелените свежи зеленчуци изобилуваат со витамини од кој витамин А кој е застапен во марулата во големо количество. Марулата е корисен зеленчук за летниот период исто така благодарение на количеството селен што го содржи.

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: