Занимливости
Престанете со емотивното јадење

Не се секогаш калориите, мастите или другите прехрамбени фактори оние што прават луѓето да се здебелат. За многу луѓе предизвукувач на прекумерна тежина е стресот, а одговорот на прашањето како да се ослободите од истиот, е усовршувањето на техниките за релаксација. Едно неодамнешно истражување покажало дека луѓето што немаат стратегија да се справат со стресот се оддаваат на постојано јадење. Оние пак, што стресот го победуваат со позитивни мисли и дејства го одбегнуваат јадењето на емотивна база 85% од времето.

 

Прочитајте неколку совети за како да го победите стресот и да престенете со емотивно јадење.

 

1. Искапете се. Можеби повеќе сакате кратко капење под туш, или, пак долго киснење во кадата. Не е важно кој тип сте, ретко на кој не му се допаѓа удобноста од топла бања со пријатен пијалак и добра книга. Ако сте под стрес, обидете се да одморите во вашата када некое време. Топлината ќе ги релаксира вашите мускули и ќе ви помогне во намалување на стресот.

 

Treatment in spa

 

2. Негувајте го омиленото хоби. Кога сме вознемирени и под стрес, лесно е да го оттргнеме хобито настрана и да се фокусираме на приоритетите. Сепак, со тоа што ќе го намалите слободно време за себе, може да го зголемите стресот. Вратете се на изгубените хобија, од практикување на вашиот омилен спорт, сликање, или пешачење во природа. Ќе се чувствувате освежени и подобро ќе се справите со стресот кога ќе си дадете време да го направите тоа што го сакате.

 

creative-hobby_detail

 

3. Пробате некоја нова активност. Ако немате било какво старо хоби што сакате да го продолжите, или никогаш не сте имале, пробајте со нова активност која би ве заинтересирала. Никогаш не е доцна да се научи нова работа. Обидете да слушате некој нов час во ваша близина, научете нешто ново, на пример запишете се на часови по јазик или научете некоја друга нова вештина и пракса. Учењето на нови активности го принудува вашиот ум да се исклучи од стресот и ви олеснува да се релаксирате и фокусирате на други работи.

 

Hiker walks on train in Himalayas

 

4. Прошетајте надвор. Сончевата светлина е природен лек за депресија, која е поврзана со стрес и анксиозност. Дури и ако не сте во можност да добиете сончева светлина, мајката природа и изложувањето на отворено обезбедуваат одлично олеснување и ослободување од стресот. Прошетка низ паркот, планинарење, риболов, патување  – сè што ве интересира. Тешко е да сте под стрес кога сте изложени на убавината на природниот свет, а во исто време и го активирате телото.

 

a-walk-in-the-park

 

5. Смејте се. Смеата е најдобриот лек, така се вели. Смеењето може да изгледа тешко, ако сте вознемирени и под стрес, но вклучувајќи го во вашиот живот ќе направите значитечна разлика. Пуштете ја вашата омилена серија, гледајте смешни видеа на YouTube, или поминете време со позитивен пријател. Смеејќи се се ослободувате од стрес- хормоните во мозокот со што веднаш ќе се почуствувате подобро.

 

Woman holding mobile phone with freind, laughing

 

6. Пијте чај. Луѓето што пијат чај се покажа дека се помалку склони на стрес во текот на времето од оние што не пијат чај, што значи дека ова е важна активност за намалување на стресот. Напијте се една шолја црн чај за најдобри резултати, но било каков чај ќе заврши работа. Држењето на топлата чаша ќе ви помогне да се опуштите, а вкусот ќе ви даде нешто слатко да се фокусирате.

 

caj

 

7. Одете на масажа. Масажите не се одлични само за вашето тело, тие всушност испуштаат добри хормони во мозокот. Следниот пат кога ќе се чувствувате под стрес, јавете се на вашиот омилен физиотерапевт и закажете состанок. Отстранување на тензијата од вашите мускули ќе помогне да се намали и напнатоста на вашиот ум.

 

masaza

 

8. Практикувајте јога редовно. Можете да вежбате некој од различните форми на јога за олеснување на стресот. Обидете се со Хата јога, која е комбинација на истегнување, техники на дишење и медитација. Тоа го смирува вашиот вознемирен ум, ги освежува вашите мисли, ги тонира мускулите на целото тело и генерира нова свест како никогаш порано.

 

joga

 

9. Пробајте водечка медитација. Вежбањето на медитација се покажа дека неверојатно го намалува стресот. Различни модели на медитација може да ви помогнат да се ослободите од стресот и да го смирите вашиот ум за подобро да се фокусирате и јасно да размислувате. Можете да вежбате медитација како Зен, Тибетска, Трансцендентална медитација (ТМ), без оглед на вашата верска припадност. Ако сте почетник, тогаш е најдобро да земете програма за водечка медитација под надзор на експерт. Постојат голем број на книги и видеа кои го објаснуваат процесот на медитацијата.

 

Side view of woman sitting in lotus position on lakeshore with focus on stack of stones

 

10. Слушајте музика. Музиката покажа дека има многу силен ефект врз расположението и ментална состојба. Смирете се со слушање на вашата омилена музика за релаксирање. Иако можеби преферирате да слушате рап или метал, обидете се да слушате нешто побавно и помеко за најдобар ефект. Пуштете музика да тече во позадина додека учите, работите или средувате низ дома. Потсвесно ќе ви го намали стресот. Истражувачите откриле дека музиката работи на сличен начин како медитацијата.

 

muzika

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: