Занимливости
Причини поради кои полесно ќе ги оставите цигарите

За одвикнување од пушење се одлучуваат во просек 60% жени и 40% мажи. Од оваа статистика може да се согледа дека жените генерално повеќе се грижат за своето здравје, но и за изгледот, а познато е дека пушењето негативно влијае на тенот, косата и килограмите.

 

Што се случува во вашиот организам кога ќе ги оставите цигарите:

 

– После 20 минути, крвниот притисок и пулс се враќаат во нормала.

– После 24 часа јаглеродниот моноксид исчезнува од телото.

– После 48 часа никотинот е исфрлен од вашето тело.

– Помеѓу втората и 21-вата недела се подобрува циркулацијата.

– После една година ризикот од срцев удар е намален на половина.

– После 10 години се намалува ризикот од рак на плуќа.

 

Дополнителен мотив да ги оставите цигарите е дека во дим од една цигара се наоѓаат околу 4000 хемикалии, а меѓу нив и 50 причинители на секакви видови рак. Според податоците на Светската здравствена организација, поради пушење, секои 6 секунди умира по една личност во светот.

 

Првите три дена се најтешки

 

Искуствата на оние кои се откажале од пушењето цигари велат дека првите три дена од откажувањето се најтешки, а од друга страна, експертите велат дека по десет дена исчезнува физичката зависност од цигари. Значи, треба само да издржите десет дена.

 

Потребно е да пиете многу течности во првите денови на откажувањето од цигари што ќе ви помогне да го исфрлите никотинот од организмот. Консумирајте повеќе витамин Ц (доза до 1000 мг на ден) така што во првите неколку дена пијте природни сокови од лимон, портокал, грејпфрут, но без шеќер.

 

Исто така, експертите советуваат дека првите пет дена е потребно повеќе да одмарате, а после јадење е препорачливо да пешачите најмалку 15 минути. Избегнете да седите во домот по јадењето затоа што тогаш вообичаено се јавува желба за цигара.

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: